Истражување: Луѓето сè повеќе им веруваат на вакцините


Фото: Б. Грданоски

Довербата во вакцините против корона вирус во светот расте и сè повеќе луѓе се подготвени да ги примат, додека истовремено се намалува стравот од нуспојави, покажа истражувањето спроведено во 14 земји, чии резултати се објавни денеска.

Истражувањето, кое го спроведоа Институтот за глобални здравствени иновации при Империјал колеџот во Лондон и компанијата YouGov, покажа дека довербата во вакцините пораснала во девет од 14 земји меѓу кои и Франција, Јапонија и Сингапур во кои порано довербата беше ниска.

Според истражувањето спроведено од 8 до 21 февруари најспремни на вакцинација се Британците од ки 77 отсто рекле дека би примиле вакцина која заштитува ако им биде понудена во следната недела. Тоа претставува пораст во однос на ноември кога таква подготвеност изразија 55 отсто од луѓето.

Истражувањето во неомври спороведено е непосредно пред британскиот регулатор да го одобри користењето на првата вакцина, онаа на „Фајзер/Бионтек“.

На вакцините најмалку веруваат Французите, Сингапурците и Јапонците

Луѓето во франција, Сингапур и Јапонија и понатаму се најмалку спремни да примат вакцина против Ковид-19. Во Франција тоа го сакаат само 40 отсто, а во Сингапур и во Јапонија 48 отсто од луѓето. Но, и во тие три земји воочен е пораст на спремноста затоа што во ноември да примат вакцина биле расположени само 25 отсто од Французите, односно 36 отсто Сингапурци и 39 отсто Јапонци.

Истражувањето покажа дека стравот од нуспојави од вакцините избледел во повеќето земји и помалку од половината од испитаниците, односно 45 отсто го спомнале тоа како причина.

За можни нуспојави најзагрижени се Французите (56 отсто), Сингапурците (59) отсто и Јапонците (61 отсто), а најмалку загрижени се Британците.

Истражувањето опфати повеќе од 13.500 луѓе во Австралија, Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска.