ЕУ блокира пратка вакцини од „АстраЗенека“


 

Европската комисија и Италија блокираа испорака на вакцини од „АстраЗенека“ наменета за Австралија затоа што тој произведувач не ги исполнил обврските преземени со договорот со ЕУ.

Според изворите, „АстраЗенека“ побарала дозвола од италијанските власти за извоз на 250.000 дози од фабриката во Анагини близу Рим.

Италијанската влада одбила да ѝ издаде дозвола, а Европската комисија во тоа ја поддржала, велат изворите.

ЕУ пов пат ја искористи можноста за забрана на извоз на вакцини против Ковид-19.

Блокот во јануари воспостави регистар за следење на извозот на вакцини во екот на спорот со британско-шбедскиот производител за да следи дали ги исполнува таа лабораторија своите договорени обврски кон ЕУ.

Тој механизам им допушта на властите на поединечни земји членки на Унијата во консултација со ЕК да го блокираат извозот кон одредишта надвор од ЕУ ако блокот верува дека производителот не ги исполнил обврските кон ЕУ.

„АстраЗенека“ се уште не ѝ ги испорачала ветените дози на ЕУ, а предвидените 80 милиони за исорака ги намали на 40 милиони дози правдајќид е дека има потешкотии во производството.

Постоеше сомнеж дека вакцините произведени во ЕУ се продадени на земји надвор од блокот поради што и е воспоставен регистар на извоз на вакцините.