Полските научници открија ген кој го удвојува ризикот од сериозен КОВИД


Полските научници пронајдоа ген за кој велат дека повеќе од двојно го зголемува ризикот од сериозно заболување од КОВИД-19, откритие за кое се надеваат дека може да им помогне на лекарите да ги идентификуваат луѓето кои се најзагрозени од оваа болест. Бидејќи колебливоста на вакцината е главен фактор зад високите стапки на смртност од коронавирус […]

Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад


Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници. Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс. Во соопштението на ирачката армија се наведува дека […]

Евакуирани стотина училишта во Русија по закана со бомби


  Бројни училишта во Русија денеска примија закани за бомби, а само во сибирскиот град Краснхѕ6ојарск евакуирани се стотина, објави московското радио Ехо. По заканите кои стигнале по електронска пошта, наставата е прекината и во други градови, како Самара и Ставропол. Низ земјата евакуирани се стотици училишта, пренесе радиото. Според извештајот, во птебарувањата, не е […]

Зошто Австралија е парализирана околу депортацијата на Новак Ѓоковиќ?


  СИДНЕЈ – „Правилата се правила“, според австралискиот премиер Скот Морисон – но ако сте најдобриот тенисер во светот, правилата не мора да важат. Светот нетрпеливо чекаше австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук да открие дали ќе ја искористи својата лична моќ за да го депортира Новак Ѓоковиќ и да му забрани влез во Австралија […]

Израелската полиција трет ден растерува демонстранти бедиуни


Израелската полиција денеска употреби солзавец, гумени куршуми и шок бомби за да растера стотици бедуини кои веќе трет ден протестираат против пошумување на спорната област, тврдејќи дека целта на Израел е да ги избрка од земјата која ја сметаат за своја.   Бедуините протестираа во пустината Негев во јужниот дел од земјата за да спречат […]

Белата куќа испраќа 1.000 воени здравствени работници во американските болници


САД – Дополнителни 1.000 воени здравствени работници ќе бидат распоредени во шест американски сојузни држави за да им помогнат на болниците преплавени со пациенти поради растот на случаите на Ковид-19 поврзани со сојот омикрон, соопшти Белата куќа. -Следната недела тимови од седум до 25 воени лекари, медицински сестри и друг медицински персонал ќе почнат да […]

САД го проучуваат Хаванскиот синдром по заболување на дипломати во Париз и Женева


САД – САД сè уште не се запознати со Хаванскиот синдром или кој е одговорен за таа болест, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју, откако се разболеа американски дипломати во Париз и Женева. Блинкен истакна дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која ги погоди речиси 200 американски дипломати, […]

Францускиот министер за здравство позитивен на Ковид-19


Франција– Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, изјави дека е позитивен на коронавирусот. Тој ги потврди претходните пишувања на медиумите на „Твитер“ и напиша дека е во самоизолација. „Ќе продолжам да ги извршувам обврските од далечина“, додаде Веран. Повикувајќи се на извори блиски до Веран, АФП претходно објави дека францускиот министер е позитивен на Ковид-19, […]

Земјите во развој одбија 100 милиони дози вакцини со краток рок на траење


Посиромашните земји минатиот месец одбија повеќе од 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 понудени преку глобалната иницијатива Ковакс поради нивниот краток рок на траење, изјави денеска претставник на УНИЦЕФ. Оваа бројка ги покажува проблемите во вакцинирањето во светот и покрај зголемената понуда на вакцини. Ковакс се приближува до бројката од една милијарда поделени дози во […]

Речиси цела Европа е во темноцрвена боја – објавена новата корона-карта


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ја ажурираше новата карта за корона. Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, а само три земји сè уште не се целосно во најлошата боја. Картата ги покажува 14-дневните инфекции на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот […]

Армијата на САД снема регрути, па го зголеми бонусот на 50.000 долари


 Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции. Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата. […]

Силите предводени од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан


  Силите предводени од Русија почнаа во четвртокот да се повлекуваат од Казахстан каде беа распоредени за да го поддржат режимот на власт, соочен со нереди какви што не се видени, објави руското министерство за одбрана. На свеченоста во Алмати се собраа војниците на Организацијата на договор за заедничка сигурност, сојуз што го предводи Москва. […]

Пресуда во Германија: Поранешен сириски разузнавач осуден на доживотен затвор


Германски суд осуди сириски поранешен разузнавач во безбедносните служби на Башар ал Асад на доживотен затвор, објави телевизијата НТВ. Обвинителите го обвинија Анвар Раслан за 58 убиства во затвор во Дамаск, каде што велат дека најмалку 4.000 опозициски активисти биле мачени во 2011 и 2012 година. Ова е втора осудителна пресуда донесена од повисокиот регионален […]

Омикрон ја „потопи“ Австралија – пријавени најголем број заразени до сега


Австралија во четвртокот го пријави најголемиот број случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Избувнувањето на омикрон варијантата на корона вирусот ги зголеми стапките на хоспитализација и сериозно ги погоди синџирите на снабдување, принудувајќи ги властите да ги олеснат правилата за карантин за повеќе работници. Откако успешно го спречи ширењето на вирусот порано во пандемијата, […]

Наставниците во Франција штрајкуваа поради корона мерките за училиштата: „Уморни сме и бесни“


  Учителите во Франција, денеска ги напуштија своите работни места, поради според нив, владиониот неуспех да спроведе доследна политика кон училиштата за да се заузда пандемијата од Ковид-19 и правилно да се заштитат учениците и персоналот од заразата. Учителите, родитеите и школските управители имаа потешкотии затоа што новите правила за тестирање најавени се ден пред […]

НАТО нема да и дозволи на Русија да и ги затвори „отворените врати“


 На вчерашната средба со руските претставници во рамки на Советот НАТО-Русија во Брисел на која учествуваа сите 30 НАТО-членки, САД и сојузниците доволно јасно кажале дека нема да му дозволат на никого да ја затвора политиката на „Отворени врати“ на Алијансата, изјави портпаролот Нед Прајс. Во декември Москва испрати сет од барања за преговори со […]

СЗО одлучува за продолжување на вонредната состојба во јавното здравство


Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти,  денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го […]

Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата


Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди. За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре одржуваат неформален состанок


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Брест ќе одржат неформален состанок за Кина, Украина, Белорусија, партнерството со Африканската унија и проектот Стратешки компас, се наведува на веб-страницата на француското Претседателство со Советот на ЕУ. – Француското претседателство со Советот на ЕУ и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел […]

Истражување: Океаните „зовреа“, никогаш не биле потопли – тоа не е добро


Светските океани зовреа, а нивните температури продолжуваат да растат. Минатата година беа регистрирани највисоките температури на океаните во историјата на мерењата, што е шеста година по ред како се соборува овој рекорд. Научниците велат дека главната причина за тоа е глобалното затоплување, односно климатските промени. – Температурите на океаните немилосрдно растат на глобално ниво, што […]