Русија забрани изнесување на готовина над 10.000 долари од државата


Русија –  Руските граѓани веќе не можат да ја напуштат земјата со над 10.000 долари во странска валута во рака, откако претседателот Владимир Путин издаде таков декрет.

Наредбата стапува во сила од денеска, јави Би-Би-Си.

Потегот доаѓа откога санкциите од западните земји ја осакатија руската економија и ја намалија вредноста на рубљата.