(ВИДЕО) Дипломати масовно излегуваа од салата во ОН додека зборуваше Лавров


Десетици светски дипломати го напуштија говорот на рускиот министер за надворешни работи на конференцијата за разоружување во Женева во знак на протест против инвазијата на Москва на Украина.

Дипломати од Велика Британија и Соединетите Американски Држави, ја напуштија просторијата кога однапред снименото видео обраќање на во  Советот за човекови права на ОН почна да се емитува.

За време на својот говор, министерот за надворешни работи ја обвини Украина за војната и тврдеше дека Киев се обидува да добие нуклеарно оружје – нешто што тој го опиша како „реална опасност“ која бара руски одговор.