Бербок: Светот долго ќе памти што сме одлучиле денес


Аналена Бербок со панцир и шлем во село во Донбас

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, пред заминувањето во Њујорк на итната специјална седница на Генералното собрание на ОН порача дека на неа ќе се донесе одлука – дали  меѓународната заедница ќе ги затвори очите пред агресијата во Украина или ќе се соочи со реалноста. 

„Денеска во Њујорк, меѓународната заедница се соочува со избор: Дали да ги затвораме очите пред агресијата врз Украина или да се соочиме со реалноста дека, со нападите на Киев, Керсон и Харков, сите сме на удар? Речиси секоја земја во светот има поголем, помоќен сосед. Дали треба повторно да стане нормално силните да ги напаѓаат слабите, а остатокот од светот едноставно да дозволи тоа да се случи?

Очите на светот се вперени во Обединетите нации. Основана е за одржување на мирот и безбедноста, како и за спас на идните генерации од војна. Во стотици разговори, ние и нашите пријатели водевме кампања ширум светот за да убедиме што е можно повеќе земји да ги покажат своите вистински бои: за мир и владеење на правото. Истата порака ќе ја упатам денеска во Њујорк. Кога станува збор за војна и мир, рамнодушноста не е опција. Светот долго ќе памети каде стоевме денес“, рече Бербок. 

Вечерва на нацијата ќе се обрати и американскиот претседател Џо Бајден, а за петок е закажан нов вонреден состанок на НАТО на кој ќе учествуваат министрите за надворешни работи. Алармот го запали употребата на нелегални оружја од страна на Русија и конвојот од 64 километри воени возила што се блиску до Киев каде што е лоцирана украинската влада и претседателот Володомир Зеленски.