Зеленски: Елиминирањето на бранителите на Мариупол ќе биде крај за преговорите


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминирањето на украинските борци во јужниот пристанишен град Мариупол ќе стави крај на разговорите со Русија. Осврнувајќи се на градот во близина на Киев, кој е уништен од силно гранатирање, Зеленски изјави за веб-страницата „Украинска правда“: „Мариупол може да биде како 10 Бородјанки“. „Сакам да кажам дека елиминацијата …

Зеленски: Елиминирањето на бранителите на Мариупол ќе биде крај за преговорите Read More »

Дождовите и поплавите во Јужна Африка однесоа над 400 животи, илјадници останаа без покрив над главата


Дождовите и поплавите во Јужна Африка, во кои оваа недела загинаа околу 400 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата, денеска повторно ги загрозуваат источните делови на земјата, принудувајќи многу граѓани да се засолнат во социјалните центри и градските објекти. Временската непогода, која остави најмалку 40.000 луѓе без струја, вода и покрив над главата, …

Дождовите и поплавите во Јужна Африка однесоа над 400 животи, илјадници останаа без покрив над главата Read More »

САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина


Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските …

САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина Read More »

Колку заработиле Бајден и Харис минатата година? Еве што пријавиле


Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, како и потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, објавија информации за нивната заработка во 2021 година. Бајден заработил 610.702 долари и платил 24,6 отсто од таа сума на име на федералниот данок на доход – 150.439 долари, пренесува Гласот на Америка. Како претседател, Џо Бајден …

Колку заработиле Бајден и Харис минатата година? Еве што пријавиле Read More »

Најбогатиот Украинец вети помош во обновата на Мариупол


Најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов, вети дека ќе помогне во обновата на Мариупол, град во кој има две челичарници за кои тврди дека „повторно ќе се натпреваруваат на светскиот пазар“. Деловната империја на Ахметов се распадна како резултат на осумгодишниот конфликт во источна Украина, но тој е убеден дека „храбрите украински борци“ ќе го бранат градот …

Најбогатиот Украинец вети помош во обновата на Мариупол Read More »

Брод со 750 тони дизел потона во близина на Тунис


Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потона денеска кај југоисточниот брег на Тунис, но засега нема истекување гориво, изјави портпаролот на локалниот суд Мохамед Кари. „Бродот потона утрово во територијалните води на Тунис. Засега нема истекување гориво“, рече Кари. Тој додаде дека „сега ќе се состане комисија за спречување …

Брод со 750 тони дизел потона во близина на Тунис Read More »

Русија го стави британскиот премиер Џонсон на „црна листа“ за влез во земјата


Руските власти денеска соопштија на британскиот премиер Борис Џонсон и на неколку британски високи функционери им е забранет влез во Русија како одговор на британските санкции воведени кон Москва поради војната во Украина. – Овој чекор беше преземен како одговор на претераната медиумска и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија и создавање услови …

Русија го стави британскиот премиер Џонсон на „црна листа“ за влез во земјата Read More »

„Тајмс“: Британски специјални сили „обучуваат локални војници во Украина“


Британски специјални сили обучуваат украински војници на теренот во пошироката област на Киев, првпат од почетокот на руската инвазија во Украина, информира весникот „Тајмс“. Украински команданти изјавиле за весникот дека офицери од два баталјони стационирани во и околу главниот град поминале низ воена обука во последните две недели. „Капетанот Јуриј Мироненко, чиј баталјон е стациониран …

„Тајмс“: Британски специјални сили „обучуваат локални војници во Украина“ Read More »

Украинските сили тврдат дека собориле руски проектили над Лавов


Гувернерот на воената управа на западна Украина, Максим Козицки, соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила руски ракети кои утринава биле истрелани кон Лавов, град во западна Украина. – Утрото на 16 април, руските окупатори истрелаа проектили од авион Су-35 кон регионот Лавов. Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија четири крстосувачки ракети, напиша Козицки на социјалните …

Украинските сили тврдат дека собориле руски проектили над Лавов Read More »

Во Шангај рекорден број на новозаразени со коронавирусот


Кинескиот финансиски центар Шангај денеска соопшти за нов рекорден број на симптоматски случаи на коронавирусот, откако земјата воведе нови рестриктивни мерки за борба против заразата. Шангај, кој е во центарот на најновата епидемија во Кина, денеска пријави рекордни 3.590 симптоматски случаи на коронавирус и 19.923 асимптоматски случаи. Бројот на асимптоматски случаи незначително се зголеми во споредба со …

Во Шангај рекорден број на новозаразени со коронавирусот Read More »

Русија тврди дека погодила фабрика за оклопни возила во Киев


Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека Русите со ракетни напади и артилерија нападнале 811 украински воени цели. Претходно …

Русија тврди дека погодила фабрика за оклопни возила во Киев Read More »

Експлозии во предградие на Киев


Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад. Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи. – Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. …

Експлозии во предградие на Киев Read More »

За седум недели војна загинале речиси 3.000 украински војници, на руска страна загубите многу поголеми


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници биле убиени во текот на седумте недели од војната со Русија и дека уште околу 10.000 биле ранети. Тој изјави и дека не е познат бројот на украинските цивилни жртви, пренесува Ројтерс. Зеленски рече дека меѓу 19.000 и 20.000 руски војници биле …

За седум недели војна загинале речиси 3.000 украински војници, на руска страна загубите многу поголеми Read More »

Германија вети воена помош за Украина во вредност од над милијарда евра


Германската Влада соопшти дека планира да испрати повеќе од милијарда евра воена помош за Украина. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер потврди дека германската Влада планира да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, од кои повеќето ќе бидат за Украина. 

Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата рече дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната. – Се разбира, и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации од некои медиуми за намерите и можностите на руската армија. За потенцијалот на руската економија. За емоционалната состојба на општеството во Русија, …

Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната Read More »

Премиерот на Украина ќе го посети Вашингтон


Делегација предводена од украинскиот премиер Денис Шмигал следната недела ќе го посети Вашингтон, пренесе Бгнес. Во делегацијата ќе бидат и министерот за финансии Сергеј Марченко и гувернерот на Централната банка Кирил Шевченко. Нивната посета се совпаѓа со традиционалната пролетна посета на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Се очекува Шмигал, Марченко и Шевченко да одржат билатерални состаноци со финансиски претставници на Г7 и да присуствуваат на тркалезна …

Премиерот на Украина ќе го посети Вашингтон Read More »

Бајден ќе испрати висок службеник во посета на Украина


Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека размислува да испрати високо официјално лице во посета на Украина, со цел да нагласи дека Вашингтон е заштитник на украинската нација. На прашањето дали ќе испрати официјално лице, Бајден рече дека „моментално се одлучува за тоа“. На почетокот на неделава портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека …

Бајден ќе испрати висок службеник во посета на Украина Read More »

Поштенска марка со крстосувачот „Москва“ и украински војник стана колекционерски хит


  Поштенска марка на које е прикажан украински војник како прави непристоен гест со рака на рускиот крстосувач „Москва“ во Црното Море, стана колекционерски предмет за Украинците кои го гледаат како знак на „победа“. Во централната пошта во главниот град Киев, стотици Украинци од секоја возраст можеа да се видат како чекаат во ред со …

Поштенска марка со крстосувачот „Москва“ и украински војник стана колекционерски хит Read More »

Русија ја оплакува загубата на крстосувачот „Москва“


  Русија одржа церемонија во знак на жалост за загубата на нејзиниот предводник на Црноморската флота „Москва“, ракетниот крстосувач кој потона во четвртокот по експлозија на муниција на бродот. Церемонијата се одржа во Севастопол, базата на флотата во Крим, кој е анектиран од Русија, јавува Би-Би-Си. Украина соопшти дека ја погодила Москва со два противбродски …

Русија ја оплакува загубата на крстосувачот „Москва“ Read More »

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив


Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) даде дозвола за итно одобрување на тест за за Ковид-19, кој се прави преку здив, јави ДПА. Уредот е отприлика со големина на рачен куфер, соопшти денеска ФДА. Корисниците дуваат во цевка, како да дуваат балон. Тестот „InspectOR COVID-19 Breathalyzer“ ги дава резултатите за помалку од три минути, …

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив Read More »