Поштенска марка со крстосувачот „Москва“ и украински војник стана колекционерски хит


 

Поштенска марка на које е прикажан украински војник како прави непристоен гест со рака на рускиот крстосувач „Москва“ во Црното Море, стана колекционерски предмет за Украинците кои го гледаат како знак на „победа“.

Во централната пошта во главниот град Киев, стотици Украинци од секоја возраст можеа да се видат како чекаат во ред со часови во петокот за да добијат еден од милион примероци отпечатени досега.

„Тој брод беше најголемиот што го имаа… Многу се коцкаа со него и ние го уништивме! рече Јури Колесан (22), кој чекаше два и пол часа за да добие комплет од 30 поштенски марки.

„Тоа е нова фаза од војната, фаза на победа!

Воениот брод потона во четвртокот по експлозија и пожар за кој Украина тврдеше дека биле предизвикани од ракетен напад – додека Русија рече дека штетата била предизвикана од експлозија на муниција на бродот.

Ракетниот крстосувач стана познат во раните фази на руската инвазија на Украина кога неговиот екипаж ја повика единицата на украинските граничари да се предадат, само за тие пркосно да одбијат.

Инцидентот брзо стана симбол на отпорот на Украина против рускиот напад.

Редици пред поштата во Киев за да се купи важната поштенска марка

Украинската поштенска служба минатиот месец започна конкурс за да ја илустрира епизодата.

Од повеќе од 500 поднесоци, победничката апликација на дизајнерот од Лавов, Борис Грох, покажува украински војник одзади како пцуе на воениот брод.

Се покажа како хит, се продаваше во многу пошти и брзо се појави за препродажба преку Интернет.

„Сакавме да испечатиме повеќе, но бомбардирањето синоќа во Киев влијаеше на работата на фабриката и не успеавме да ја испечатиме потребната количина“, изјави за АФП Игор Смељански од украинската поштенска служба.