Дали исходот од изборите во САД ќе ја загрози поддршката за Украина?


Дали резултатот од ноемвриските среднорочни избори во САД може да ги доведе Американците до промена на ставот кон Украина? Тоа е прашањето на кое моментално се обидуваат да одговорат многу аналитичари од двете страни на Атлантикот, имајќи предвид што може да се очекува по изборите на 8 ноември. Според анкетите, најверојатно републиканците ќе ја вратат […]

Милијардер се откажа од руското државјанство поради конфликтот во Украина


Русија- Милијардерот Олег Тинков, основач на онлајн банката Тинкоф, изјави дека се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина. „Донесов одлука да се одречам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзуван со фашистичка земја што започна војна со нејзиниот мирен сосед и што секојдневно убива невини луѓе“, напиша Тинков на Инстаграм. Милијардерот изрази […]

Иран јавно ќе суди 2.000 лица уапсени во протестите


  Иранското правосудство објави дека ќе одржи јавни судења за околу 1.000 лица приведени за време на неодамнешните протести само во Техеран – и повеќе од илјада други надвор од главниот град – додека меѓународната загриженост се зголеми поради одговорот на Иран на протестите кои започнаа со смртта на 22-годишната Махса Амини по нејзиното апсење. […]

Зеленски: Киев е подготвен да остане гарант за светската прехранбена безбедност


Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговорот со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на договорот за жито, напиша Зеленски на Твитер. Руската армија […]

Речиси половина Киев нема вода


 Четириесет отсто од жителите на Киев останаа без вода, соопшти вечерва градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко. – Од овој час без струја се 270.000 станови во главниот град, а без вода 40 отсто од потрошувачите, рече Кличко. Руското Министерство за одбрана претходно денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, […]

Русија регрутира поранешни специјалци на авганистанската армија за борба во Украина


Руската армија за борби во Украина регрутира припадници на специјалните единици на авганистанската армија кои побегнаа во Иран по хаотичното повлекување на САД од Авганистан минатата година, тврдат поранешни генерали на авганистанската армија. Двајца генерали на авганистанската армија посочуваат дека илјадници поранешни авганистански командоси сакаат да се придружат на руските странски легии, како заради стабилните […]

Европскиот извештај за шумски пожари покажува дека драматичниот тренд продолжува


Сезоната на шумски пожари во 2021 година во Европа беше втората најлоша од почетокот на евиденцијата во 2006 година, покажува неодамна изработен извештај на Европската Комисија. Опожарени се повеќе од 5.500 квадратни километри земја во Европската Унија – повеќе од двапати поголема од површината на Луксембург, соопшти денеска Еврокомисијата. Оваа година може да биде уште […]

Четворица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба


САД– Најмалку четири лица се затруени при истекување гас на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, од кои едно лице е префрлено во болница во критична здравствена состојба. Како што соопшти градската противпожарна служба, инцидентот се случил на Терминалот 8 на аеродромот кога дошло до истекување јаглероден диоксид од неидентификуван извор. Во соопштение објавено преку Твитер аеродромските […]

Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти


Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите. „Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна […]

Уште 100 милиони евра помош од ЕК за украинските бегалци


Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 […]

Мостот што падна во Индија и уби 134 луѓе неодамна бил реконструиран


  Бројот на загинати се искачи на 134 откако во неделата се урна висечки мост во западната индиска држава Гуџарат, откако властите открија дека структурата неодамна била повторно отворена по поправките. Министерот за внатрешни работи на Гуџарат, Харш Сангави, во понеделникот изјави дека се проценува оти околу 200 луѓе биле на мостот во градот Морби […]

Русија купува бела техника од Казахстан што тој ја увезува од ЕУ


  Во 2022 година, соседите на Русија го зголемија увозот на апарати за домаќинство од Европската унија, а во исто време ја зголемија понудата на такви производи во Русија, пишува Блумберг. Според Евростат, во периодот јануари-август 2022 година, Ерменија увезла повеќе машини за перење од ЕУ отколку во последните две години заедно, а Казахстан купил […]

Русија испукала повеќе од 50 крстосувачки ракети во Украина, прекин на струја во неколку региони


Украина соопшти дека денеска кон државата од Русија биле испукани „повеќе од 50“ крстосувачки ракети што резултирало со прекини на струја во неколку региони.  „Од 7 часот наутро на 31 октомври, руските окупатори извршија во неколку бранови ракетни напади врз критичната инфраструктура во Украина“, соопшти украинската армија на Телеграм. Тие додаваат дека „повеќе од 50 […]

Европа скапо го плаќа бранот бегалци од Украина


  Европа пука под новиот бран украински бегалци кои се присилени да ги напуштет своите домови. Бегалците се принудени да ги напуштат своите домови затоа што руските напади на електраните ги оставија без греење и струја, пишувааѕ медиумите во Британија. Унгарците, на пример, и тоа како го чувствуваат притисокот кој станува поголем. Од војната во […]

Израелците утре ќе гласаат на парламентарните избори, петти за 43 месеци


 Израелците утре ќе гласаат на парламентарните избори, петти за 43 месеци, а според анкетите, трката ќе биде тесна и тешко е да се предвидат резултатите. Осумпартиската „Влада на промени“ во заминување, се распадна откако го изгуби тенкото мнозинство и подлегна на идеолошките разлики што се обидуваше да ги избегне. Сојузот на десничарските и верските партии […]

Украински власти: Голем руски напад врз енергетската инфраструктура на државата


 Украинските власти денеска ја обвинија Русија за нов „голем напад“ врз енергетската инфраструктура на државата, откако властите најавија прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во главниот град. „Руските терористи повторно извршија голем напад врз електричната инфраструктура во голем број украински региони“, изјави заменик-шефот на украинското претседателство, Кирило Тимошенко. Неколку експлозии го потресоа Киев […]

Најмалку 98 жртви во тропската бура „Налга“ на Филипините


Најмалку 98 лица загинаа во тропската бура „Налга“ на Филипините. Повеќе од половина смртни случаи се регистрирани во јужниот регион Бангсаморо, главно поради свлечишта предизвикани од дождот, соопшти националната служба за вонредни состојби. Над 60 лица се водат како исчезнати, а 69 луѓе се здобија со повреди. Во регионот Бангсаморо загинаа 53 лица, додека 22 […]

(Видео) Се урна висечки мост во Индија, загинаа најмалку 132 луѓе


Бројот загинати при уривањето на мостот во сојузната индиска држава Гуџарат се зголеми на 132 луѓе, соопшти во понеделникот локален функционер. Пешачкиот висечки мост на реката Махчу во градот Морби беше полн со посетители кога се урна во текот на вчерашниот ден. Повеќе од 500 луѓе, многумина од нив жени и деца, биле на и […]

Спектакуларно враќање на левичарот Лула да Силва на изборите во Бразил


  Луис Инасио „Лула“ да Силва е избран за следен претседател на Бразил, во неверојатен кам-бек по тесниот втор круг во неделата. Неговата победа навестува промена во најголемата земја во Латинска Америка, по четири години екстремно десничарска администрација на Жаир Болсонаро. Победата на 76-годишниот политичар претставува враќање на левицата на власт во Бразил и завршува […]

САД и Јужна Кореја почнаа голема заедничка вежба на воздухопловните сили


Јужна Кореја– САД и Јужна Кореја почнаа една од нивните најголеми заеднички воздушни вежби, во која учествуваат стотици воени авиони од двете држави. Тие ќе вежбаат симулирани напади 24 часа на ден во поголемиот дел од неделата. Операцијата ќе трае до петок и ќе вклучи околу 240 авиони кои ќе извршат приближно 1.600 летања, соопштија американското […]