Пуштете нѐ во НАТО, им порача финската премиерка на Турција и Унгарија


  Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Унгарија и Турција да ги одобрат кандидатурите на нејзината земја и соседна Шведска за влез во НАТО. Двете нордиски земји побараа да се приклучат на воениот сојуз во мај, поттикнати од руската инвазија на Украина. Унгарија и Турција се последните две членки на НАТО кои треба да […]

Тесна победа на блокот на Нетанјаху, покажуваат излезните анкети во Израел


  Излезните анкети на три телевизии покажуваат дека десничарскиот блок на поранешниот премиер нетанјаху е пред победа на денешните избори во израел. Сопоред јавниот дифузер Кан блокот на Нетнјаху, во кој има ултраортодоксни партии треба да освои 61 места во 120-члениот парламент, досегашните владејачки партии 54 и уште четири една од арапските листи. Истото предвидување […]

Во време на астрономски цени на храната, Американците се свртуваат кон Мекдоналдс


Со незапирливата инфлација и постојаното зголемување на цените, посебно на храната, Американците сѐ повеќе се свртуваат кон Мекдоналдс, соопшти Си-ен-ен.  Се соопштува дека светски познатиот ланец на сендвичи, што во САД пред пандемијата беше главно користен од луѓето со ниски примања, сега станува задолжителна локација и за средната класа.  -Посетите на луѓето со ниски примања […]

Ако имате греалки или генератори контактирајте ја украинската амбасада


Украинско официјално лице со барање, луѓето низ целиот свет да донираат греалки или генератори на Украина. Барањето, како што пишуваат локалните агенции, доаѓа во момент кога Украина страда од прекини на електрична енергија и недостиг на вода поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура. Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на […]

Првиот Халовин на Бајден во Белата куќа


САД-  Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ја славеа во Белата куќа Ноќта на вештерките , што е првпат да бидат домаќини на ваква прослава откако ја презедоа функцијата. Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник. […]

ОН: Одгледувањето опиум во Авганистан годинава е зголемено за 32 отсто


 Одгледувањето опиум во Авганистан се зголеми за 32 отсто во 2022 година откако талибанците ја презедоа власта, јави ДПА, повикувајќи се на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Ова се случува и покрај забраната за наркотици наметната од талибанците. Во годишниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се вели […]

Мајмунските сипаници се уште категоризирани како „глобална здравствена криза“


Швајцарија– Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН. Категоризацијата на СЗО за „Криза за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирана да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка […]

Остри реакции во Италија по повод фотографиите на номинираниот државен секретар со кукаст крст на ракавот


Предлогот на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, да го назначи Галеацо Бигнами за државен секретар наиде на остри реакции кај италијанската јавност, откако во медиумите беа објавени постари фотографии на десничарскиот политичар како носи лента со кукаст крст на раката. Бигнами, инаку сопартиец на Мелони од популистичката партија „Браќата на Италија“, е фотографиран облечен во […]

Еврокомесарката за енергетика во посета на Киев заради зголемување на помошта за Украина


Комесарката за енергетика на Европската Унија Кадри Симсон денеска пристигна во посета на Киев за да обезбеди поддршка за енергетскиот сектор на Украина, која е погодена од војна. „Денеска сум во Киев за да помогнам да се зголеми поддршката за енергетскиот сектор на Украина. Украинската енергетска инфраструктура е под целен напад од Русија, сурова и […]

Битката за Херсон се засилува


  Битката за јужниот град Херсон се интензивира, додека украинските сили се обидуваат да ја пробијат руската одбрана, а окупаторските сили го зголемуваат притисокот врз жителите да ги напуштат своите домови. Двете страни пријавија тешки борби во областа Берислав во градот окупиран од Русија, каде што силите на Киев се обидуваат да се пробијат. Кирил […]

Колерата се шири низ Либан


Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата. Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход. Директорот на […]

Падна хеликоптер во Норвешка, загинаа двајца


  При пад на хеликоптер во централна Норвешка, загинаа двајца, а едно лице е тешко повредено, пренесе АП. Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот паднал во близина на градот Вердал и дека за несреќата виновна најверојатно е маглата. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но без успех. Истрагата за причините на падот на хеликоптерот е во […]

Прогласен карантин во Дизни парк во Шангај, заробени 60.000 посетители


 Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот. На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот. Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица. Тамошната Влада […]

Еден загинат и околу 20 повредени во две престрелки во САД во Ноќта на вештерките


 Едно лице загина, а околу 20 се повредени во Ноќта на вештерките во две одвоени престрелки во САД – во Чикаго и Канзас Сити, соопшти полицијата.   – Помеѓу пет и седум лица се застрелани, а едно е убиено во пукање во куќа во Канзас Сити каде што синоќа се собрале меѓу 70 и 100 […]

Три товарни бродови со жито на пат кон хуманитарниот коридор во Црното Море


 Три товарни брода натоварени со жито денеска ги напуштија украинските пристаништа и се упатија кон хуманитарниот коридор во Црното Море, соопшти Заедничкиот координативен центар во Истанбул. – Движењето на овие три брода е одобрено од украинската, турската и делегацијата на ОН. Руската делегација беше информирана, соопшти центарот кој го надгледува извозот на украинско жито според договорот постигнат […]

Избори во Данска: Нема да има влада без поддршка на поранешниот премиер Расмусен


  Социјалдемократите на Мете Фредериксен се на пат да победат на општите избори во Данска, но дали тие ќе останат во владата – и дали таа ќе ја задржи функцијата премиер – може да зависи од новата партија предводена од еден од нејзините претходници. Фредериксен беше принудена да ги распише изборите кога левичарската партија што […]

Во Киев продолжи снабдувањето со вода и електрична енергија


Снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ Киев по руските напади кои предизвикаа големи прекини, изјави денеска градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.   „Снабдувањето со вода и електрична енергија е целосно обновено“, напиша Кличков на Телеграм.   Руското Министерство за одбрана претходно ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на […]

Јужнокорејскиот МВР се извини за трагедијата во Сеул


 Јужнокорејскиот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин денеска се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата. – Би сакал искрено да ѝ се извинам на јавноста за несреќата, како министер задолжен за безбедноста на луѓето, рече министерот во парламентот по што ја наведна […]

Парламентарни избори во Данска


Данците денеска гласаат на парламентарни избори со неизвесен исход бидејќи опстанокот на социјалдемократската премиерка во заминување Мете Фредериксен, која се соочува со коалиција на десницата и екстремната десница, може да зависи од помала центристичка партија. Избирачките места се отворени од 08:00 до 20:00 часот, додека првите резултати се очекуваат околу 21:30 часот, пренесе Бета. Според последните анкети, блокот на премиерката би можел да […]

Парламентарни избори во Израел


 Израелците денеска гласаат на петтите парламентарни избори за помалку од четири години. Повеќето од над 12.000 избирачки места низ Израел беа отворени во седум часот по локално време, а ќе се затворат во 22 часот. На овие избори речиси 6,8 милиони Израелци со право на глас може да избираат меѓу 39 партии за 25-от состав на Кнесетот. Осумпартиската „Влада на […]