САД отстрануваат четири брани на една река, најголемата достигнува 52 метри височина


epa09796479 Director General of the International Atomic Energy Agency (IAEA) Rafael Mariano Grossi attends a press conference during a IAEA Board of Governors meeting on the situation in Ukraine at the IAEA headquarters of the UN seat in Vienna, Austria, 02 March 2022. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Најголемото отстранување на брани во историјата е одобрено во САД за обновување на река во невидени размери, се наведува на веб-страницата на проектот.

Станува збор за четири брани на реката Кламат долга 414 километри, која ја делат сојузните држави Орегон и Калифорнија. Браните JC Boyle, Copco 1, Copco 2 и Iron Gate се планира да бидат отстранети во текот на 2024 година. Тие се градени од почетокот до средината на 20 век, а најголемата од нив, Железната порта, достигнува 52 метри височина.

Пресудија еколошките причини за обновување на живеалиштата за лососот и подобрување на квалитетот на водата, како и за одржување на племињата за кои лососот е услов за преживување.

Компанијата која стопанисува со браните, PacifiCorp, се согласи со мерката бидејќи по воведувањето на построги прописи, кои ја принудија компанијата да гради рибарски мрежи и скали, отстранувањето на браните им беше финансиски полесно да го поднесат.