Киев подготвува 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад


Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација во Киев, соопшти дека на украинска територија се подготвени неколку стотици „специјални засолништа“ како заштита од потенцијален нуклеарен напад од Русија. Украинската влада се подготвува за најлошото сценарио додека тензиите и понатаму растат во војната меѓу Русија и Украина. „Последните 8 месеци нè научија дека сè може да […]

Лавров: Западни медиуми поттикнуваат тензии во Заливот


 Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му пренел на иранскиот колега, Хосеин Амир Абдолахиан, дека западните медиуми покренале кампања што може да предизвика ескалација на тензиите во Заливот, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Во телефонскиот разговор со шефот на иранската дипломатија Лавров ја коментирал „штетноста на информативната кампања започната од западните медиуми“. […]

Франција ја поедноставува процедурата за изградба на нуклеарни реактори


  Франција подготвува закон со кој ќе се поедностави издавањето дозволи за изградба на нови нуклеарни реактори со кои ќе ги зголеми своите капацитети во услови на глобалната енергетска криза. – Овој предлог-закон е одговор на итноста на кризата, истакна владиниот портпарол Оливие Веран по денешната владина средба, на која беше усвоен предлог-законот. Веран појасни […]

Зеленски: Како да преговараме со Русите кога денеска не нападнаа со 54 ракети


  На новинарско прашање за можноста за мировни преговори со Русија денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „неговата земја нема време за дипломатија“. „Лажат, тоа не е дипломатија. Кога велат дека сакаат дипломатски врски и да ја прекинат војната, тоа е лага. Вчера рекоа дека се подготвени, а дека Украина не е подготвена, но […]

Германија најави затворски казни за демонстрантите кои ги оштетуваат уметничките дела


Германскиот министер за правда Марко Бушман изјави дека се можни затворски казни за климатски активисти кои блокираат патишта и оштетуваат уметнички дела. – Кој ќе фрли течност или предмети врз уметничките дела може кривично да одговара доколку се оштетат уметничките дела. Блокадите на патиштата може да се окарактеризираат како принуда. А доколку поради ова биде […]

Подољак: Пропадна руската уцена со извозот на житото


Русија се врати на договорот за извоз на жито од Украина бидејќи сфати дека иницијативата ќе функционираше и без учеството на Кремљ, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак. Во писмена изјава за Ројтерс, пренесува Хина, Подољак наведува дека одлуката на Москва покажува дека руската „уцена“ и „ескалација и закани“ не успеваат кога ќе […]

Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања


  Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа. Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата […]

Шокантно видео за полициската бруталност во Иран


  Иранските власти наредиле истрага за видеото на кое се гледа како полицајци дивјачки тепаат демонстрант, за кое групите за човекови права велат дека ја разоткриле чистата бруталност на полициската репресија против протестите предизвикани од смртта на Махса Амини. Иран е потресен од повеќе од шест недели протести по смртта на Амини, која беше уапсена […]

Руските генерали разговарале за употреба на нуклeaрно оружје, пишува „Њујорк тајмс“


  Високи руски воени претставници разговараа кога и како Москва би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, предизвикувајќи загриженост во Вашингтон и сојузничките престолнини. Ова го објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на „неколку високи американски функционери“. Претседателот Владимир Путин не учествувал во разговорите, но самиот факт дека таквите дискусии воопшто се водат меѓу […]

Русија се премисли – ќе дозволи извоз на украинското жито


  Русија во средата се согласи да го продолжи своето учество во договорот постигнат со посредство на Турција и ОН за житото и другите стоки да се движат надвор од пристаништата на Украина за време на руската инвазија на Украина, рече турскиот претседател. Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу […]

Украина тврди дека Русија вчера загубила 800 војници


  Според последните податоци на украинскиот Генералштаб бројот на загинатите руски војници се зголемил на 73.270, а дека само вчера биле убиени 800. Ова е втора најголема бројка на загинати руски војници во последно време, според тврдењата на украинската армија. Во извештајот за неделата Киев тврдеше дека за еден ден загинале речиси 1.000 руски војници. […]

Зеленски: Светот треба да ги заштити коридорите за извоз на жито


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се потребни долгорочни средства за сигурна одбрана на коридорот за извоз на жито од украинските пристаништа, нагласувајќи дека „светот мора да даде цврст одговор на секој обид на Русија да го наруши“. Во синоќешното видео обраќање Зеленски рече дека бродовите ги напуштаат украинските пристаништа, благодарение на напорите на Турција и ОН […]

„Вагнер“ напредува околу 200 метри дневно, Русија планираше 30 километри


Сопственикот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин на 23 ноември изјави дека силите на Вагнер напредуваат од 100 до 200 метри дневно, додавајќи дека тоа е „нормално за време на модерното војување“. Но, според руската воена стратегија, нејзините сили дневно требаше да напредуваат околу 30 километри, наведува британското Министерство за одбрана во дневниот […]

Полска ќе постави бодликава жица на границата со Русија


Полска привремено ќе постави бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Маријуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.   „Во врска со ова, денеска веќе почнува да се работи за подигање привремена ограда […]

Кина формирала тајни „полициски станици“ низ Британија за да „лови“ дисиденти


 Британската влада најави дека ќе спречи „транснационална репресија“ откако беа објавени информации дека постојат непријавени кинески „полициски станици“ низ земјата. Кинеската влада, наводно, поставила непријавени „полициски станици“ на три локации во Велика Британија – две во Лондон, во Хендон и Кројдон и една во Глазгов – за да ги вознемирува политичките неистомисленици. Пекинг, исто така, […]

Социјалдемократите победија на изборите во Данска, Фредериксен се повлекува


Премиерката на Данска Мете Фредериксен најави дека ќе поднесе оставка на нејзината влада и покрај тоа што нејзините социјалдемократи треба да останат најсилната сила во Данска по парламентарните избори, јави ДПА. Фредериксен утрово им рече на партиските поддржувачи во Копенхаген дека ќе поднесе оставка како премиерка и ќе ја разгледа „можноста за широка влада низ политичкиот спектар“. […]

Шефот на Укренерго предупредува на колапс на енергетскиот систем во Украина


 Украина се соочува со огромна хуманитарна криза оваа зима доколку не спречи колапс во снабдувањето со електрична енергија предизвикан од непрестајните руски бомбардирања, изјави шефот на државната енергетска компанија. Володимир Кудризки рече дека се погодени речиси сите големи ненуклеарни централи во земјата, како и повеќе од 30 отсто од трафостаниците во мрежата. – Ситуацијата е критична, изјави […]

Канада ќе прима до околу половина милион доселеници годишно до 2025 година


Канада– Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Канада има потреба од повеќе луѓе, подвлече тој на прес-конференција. Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во […]

Украина призна дека нема ефикасна одбрана од иранските ракети што ќе ги добие Русија


  Воздухопловните сили на Украина во вторникот соопштија дека моментално немаат ефикасна одбрана од типовите балистички ракети што Иран се подготвува да ѝ ги испорача на Русија за да ги користи во војната против Украина. Јуриј Ихнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили, рече дека дострелот на иранските балистички ракети што се доставуваат, при […]

Данска ќе добие центристичка влада според излезните анкети од изборите


  Данските социјалдемократи се на пат да останат најголемата партија во земјата по победата на изборите во вторникот, но политичкиот опстанок на актуелната премиерка Мете Фредериксен зависи од новата центристичка партија. Првичната излезна анкета на јавниот радиодифузен сервис ДР сугерира дека социјалдемократите обезбедиле 23,1 отсто од гласовите, што ќе им донесе 42 од 179 места […]