МААЕ: По гранатирањето не е нарушена безбедноста во нуклеарната централа Запорожје


 

Претставници Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа соопштија минатонеделното гранатирање не ја наруши безбедноста во украинската нуклеарна централа Запорожје, управувана од Русија.

Четворица експерти на МААЕ, стационирани во нуклеарната електрана Запорожје, тврдат дека кон крајот на минатата недела се случило најголемо гранатирање во изминатите неколку месеци, но дека клучните безбедносни системи не се засегнати.

Состојбата на шесте реактори е стабилна, а потврден е интегритетот на потрошеното гориво, новото гориво и радиоактивен отпад од ниско, средно и високо ниво во нивните складишта, се наведува во соопштението на МААЕ.

Но, според МААЕ гранатирањето причинило „голема штета на целата локација“ односно неколку гранати паднале на главниот пат до реакторите, шрапнели погодиле цевките за компримиран воздух, а регистрирани се и мали оштетувања на цевководот на противпожарната прскалка и оштетување на покривот на специјалната комунална зграда.