Бајден: Трамп е опасност за демократијата


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека можеби не е единствениот што може да го победи Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година, но дека добро го познава и е запознаен со начинот на кој работи поранешниот претседател. – Можеби не сум единствениот, но добро го познавам и ја знам опасноста што ја претставува […]

Форум на Слободни народи: Можен распад на повоена Русија


Можната иднина на поствоена Русија е распад на повеќе автономни единици со нивна понатамошна културна и државна самостојност, е заклучокот на шестиот форум на Слободни народи од пост-Русија, што деновиве се одржува во институтот Хадсон во Вашингтон. Каква е иднината на поствоена Русија по крајот на војната во Украина и евентуалниот пораз на Москва, како […]

Болсонаро негира каква било вмешаност во бунтот во Бразилија


Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро кој е краен десничар, негираше каква било вмешаност во бунтот на 8 јануари во Бразилија, велејќи и на федералната полиција дека „случајно“ објавил видео во кое ја оспорува изборната победа на неговиот левичарски наследник Лула. Распитот на Болсонаро (68) во седиштето на федералната полиција во Бразилија траеше повеќе од […]

Киев ќе го добие потребното оружје за контраофанзива, вели највисокиот американски генерал во Европа


Украинската армија навреме ќе го добие потребното оружје за претстојната контраофанзива, изјави во американскиот Конгрес највисокиот американски генерал во Европа, Кристофер Каволи. Генералот Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, наведе како пример дека повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени на Киев се веќе испорачани. „Уверен сум дека им го испорачавме материјалот […]

Осудениот чувар во нацистички логор Јозеф Шуц умре на 102 години


  Најстарата личност осудена за злосторства извршени за време на холокаустот почина на 102-годишна возраст. Јозеф Шуц беше прогласен за виновен минатиот јуни за помагање во убиството на илјадници затвореници во Заксенхаузен во близина на Берлин помеѓу 1942 и 1945 година. Тој беше осуден на пет години затвор, но остана на слобода додека го чекаше […]

Ши Џинпинг конечно разговараше со Зеленски


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека телефонски разговарал со кинескиот претседател Ши Џинпинг за прв пат по целосната инвазија на Русија на Украина. „Имав долг и значаен телефонски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Верувам дека овој повик, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат моќен поттик за развојот на нашите […]

Kлиматските промени може да ја држат инфлацијата висока со години


Климатските промени може да ја поттикнат инфлацијата, тврди Николај Танген, шеф на норвешкиот државен пензиски фонд, според кој порастот на цените на храната, како резултат на климатските промени и трошоците за енергетската транзиција, ќе продолжи да ја поттикнува инфлацијата во наредните години. Глобалната економија веќе се соочува со инфлација поврзана со климата, што ќе придонесе […]

Навални соопшти дека против него е отворен нов случај за тероризам


 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор, денеска соопшти дека покрај случајот што се води против него за екстремизам, отворен е нов случај за тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на свој известувач во Московскиот суд. „Истражителот ме информираше дека против мене е отворен нов случај за тероризам и дека ќе ми […]

АП: Белорусите стравуваат дека Москва ќе ги принуди на војна против Украина


Во Белорусија се зголемуваат стравувањата дека Москва го присилува својот близок сојузник директно да се вклучи во борбите во Украина, пренесува АП, додавајќи дека Белорусите се поканети да учествуваат во воена обука. „Руските сили се веќе во Белорусија, гледам дека земјата полека се претвора во касарна“, изјави за АП Руслан, инженер кој неодамна добил покана […]

(Видео) Голем пожар на Урал: Изгореа 178 згради, едно лице загина


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото. 🔥 Russia is on fire again. The […]

Од 19 мај почнува Самитот на Г7 во Хирошима


Токио – Војната која Русија ја води во Украина ќе биде главна тема на самитот на Г7 следниот месец во Хирошима, Јапонија. На Самитот ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден. На дневен ред ќе бидат војната во Украина, глобалните прехранбени и климатски кризи и „обезбедување инклузивен и отпорен економски раст“, се наведува во соопштението на […]

Украинските сили трпат големи загуби во Бахмут


  Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот на армијата не го подготви градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос. -Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле […]

Во Германија 35 отсто од мигрантите се соочиле со расна дискриминација


Истражување спроведено низ цела Германија покажа дека многу мигранти минатата година доживеале некаков вид на дискриминација поради нивната етничка или верска припадност, јавува Анадолија. Истражувањето на фондацијата Бертелсман покажа дека бројот на инциденти на расна дискриминација минатата година се зголемил, и покрај подобрувањата на свеста на јавноста за проблемот. Околу 35 отсто од мигрантите рекле дека доживеале расистичко однесување и […]

Шведска истражувачка ракета случајно падна во Норвешка


Истражувачка ракета лансирана рано во понеделникот од страна на Шведската вселенска корпорација (Swedish Space Corp – ССЦ) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска имаше дефект и падна на 15 километри во територијата на соседна Норвешка. Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација, објави агенцијата. „Слета во планините […]

Нуклеарките на клацкалка – некои ги вклучуваат, други ги гасат, формиран сојуз од пет земји против Русија


  Одлуките за нуклеарната енергија беа на клацкалка во последните денови – некои палат нови реактори, други ги гасат. Пет земји – Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција – формираа нуклеарен сојуз со цел да ја отстранат Русија од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија, која доминира во таа област. Минатиот викенд Финска пушти во […]

Путин го потпиша указoт за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство. Во случај на конфискација или ограничување на правата на руски имот во странство, се воведува надворешно управување со имотот на непријателските земји во Русија, пренесе Тасс. Како што е наведено, привременото управување со овие средства може да […]

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина


Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе. -Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, […]

Свежи гробови на стотици загинати „вагнеровци“ во Сибир


  Повеќе од 200 свежо ископани гробови со ознаки на руската платеничка група „Вагнер“ се лоцирани на гробишта во третиот по големина руски град Новосибирск, објави во вторникот сибирскиот информативен сајт „Тајга.инфо“. Венци на „Вагнер“ може да се видат веднаш до повеќето гробници на снимката што ја сподели медиумот. Годините на смртта на надгробните плочи […]

Бран страшни убиства и силувања ја зафати Русија: Никој не може да ги спречи, а јасно е кој е виновен


  Русија се соочува со бран насилства од криминалци кои се ослободени од затвор за да се борат во војната во Украина, а потоа се враќаат дома за да го продолжат својот криминален живот. Исто така, Русите кои немале криминално досие пред војната поради бруталноста низ која минале на првите борбени линии стануваат убијци откако […]

Трамп: Реизборот на Бајден може да доведе до трета светска војна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека реизборот на актуелниот американски лидер Џо Бајден може да заврши лошо, можеби дури и со трета светска војна, истовремено изразувајќи го своето уверување дека Бајден нема да добие уште еден мандат. „Мислам дека нешто лошо може да се случи. Оваа земја има проблеми, ќе завршиме со трета […]