Трамп: Реизборот на Бајден може да доведе до трета светска војна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека реизборот на актуелниот американски лидер Џо Бајден може да заврши лошо, можеби дури и со трета светска војна, истовремено изразувајќи го своето уверување дека Бајден нема да добие уште еден мандат. „Мислам дека нешто лошо може да се случи. Оваа земја има проблеми, ќе завршиме со трета […]

Шведска протера руски дипломати


Шведските власти прогласија за персона нон грата петмина руски дипломати, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. „Шведска протерува пет руски дипломати“, рече Билстрем во интервју за СВТ. Министерството за надворешни работи на Шведска го повикало рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и го информирал за ваквата одлука, пренесува Интерфакс. Според Билстром, Стокхолм донел таква […]

Водителот на Си-Ен-Ен, Дон Лемон, бесен откако го отпуштија од работа


  Водителот на Си-Ен-Ен, Дон Лемон, ја нападна телевизиската мрежа по неговото отпуштање, кое дојде по обвинувањата за мизогинија и недолично однесување. „Вчудоневиден сум“, напиша Лемон на Твитер, велејќи дека неговиот агент му кажал дека бил пуштен да си оди. Си-Ен-Ен соопшти дека се „раздели“ со Лемон, кој беше ко-водител на утринска емисија, велејќи „му […]

Бајден ја објави кандидатурата за реизбор: „Ајде да ја завршиме оваа работа“


  Претседателот на САД, Џо Бајден, во вторникот официјално објави дека се кандидира за реизбор во 2024 година, барајќи од гласачите да му дадат повеќе време да ја „заврши оваа работа“ што ја започна кога положи заклетва на функцијата и да ја остават настрана нивната загриженост за продолжување на мандатот на најстариот американски претседател за […]

Во Шпанија оваа недела температури од 40 степени


Првиот топлотен бран годинава ќе пристигне еден месец порано од лани, па така Шпанија очекува температури и до 40 степени Целзиусови. Пролетта во Шпанија оваа недела ќе наликува на средината на летото, бидејќи во некои региони температурата ќе биде над 30 степени, а во некои и 40 степени, објави „Блумберг“. Екстремно топол воздух, кој се […]

Луѓето масовно бегаат од Судан


Борбите во Судан се намалија во текот на ноќта откако армијата и паравоените сили се согласија на тридневен прекин на огнот, дозволувајќи им на повеќе Суданци да ја напуштат земјата, а странските земји да ги извлечат своите државјани. Војната што избувна меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) на 15 април ги претвори […]

Би-би-си: Украинците го минале брегот на Дњепар, во регионот на Херсон


Би-би-си јави дека украинските војници поставиле позиции на источниот брег на реката Дњепар, во јужниот регион Херсон. Би-би-си Украина соопшти дека нејзини воени извори пријавиле „некое движење преку Дњепар“, во близина на градот Херсон, центарот на истоимената област која е делумно под руска контрола. Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен неделен извештај […]

Италија прогласи вонредна состојба поради зголемениот прилив на мигранти


Рим- Италијанската Влада прогласи шестмесечна вонредна состојба со цел да се справи со зголемувањето на бројот на мигрантите кои пристигнуваат на јужните брегови на земјата. Државната телевизија објави дека се очекува да биде назначен специјален комесар за овие прашања. Владата на премиерката Џорџа Мелони одобри и финансирање од пет милиони евра, јавува Радио Слободна Европа.    […]

Прв американски лет за депортација во Куба од 2020 година


Првиот авион за депортација од 2020 година вчера полета од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико за прв пат од пандемијата на Ковид-19. – На 24 април, Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го продолжи редовниот процес на депортирање на кубанските државјани […]

Кремљ демантира дека Путин има двојник за јавни настапи


Кремљ ги отфрли сугестиите дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник за јавни настапи. – Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер. Тоа е уште една лага, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред младите на едукативен настан во Москва. – Гледате каков претседател […]

Заложничка драма во Берлин-киднаперот се самоубил, заложникот спасен


Германските специјални сили во раните утрински часови денеска упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг и ја завршија заложничката криза што почна вчера попладнево, соопшти полицијата на Твитер, јави ДПА. Киднаперот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата. Како што пренесува ДПА, заложникот кој со часови бил држен во заробеништво бил однесен во […]

Се отруле со хемикалии: Најмалку 59 деца колабирале на час по физичко во Германија


Најмалку 59 деца колабирале како последица на труење со хемикалии во фискултурна сала во училиште во Пирна, Германија. Во текот на часот по физичко, прво седум деца се пожалиле на мачнина, вртоглавица, трнење во рацете или нозете. Тремор на рацете пријавила и професорката по физичко. Оваа сала ја користат две училишта, едно основно и едно […]

Кина веќе нема да биде најмногубројна земја во светот, до крајот на неделата Индија избива на прво место


 Обединетите нации соопштија дека до крајот на неделава Индија ќе ја престигне Кина според бројот на жители и со тоа ќе стане најмногубројна земја во светот. Друго тело на ОН минатата недела предвиде дека Индија ќе ја престигне Кина до средината на оваа година. Меѓутоа, новите податоци покажуваат дека до крајот на април Индија се […]

Индонезија погодена од силен земјотрес од 7,3 степени, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами. Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени. По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 […]

На илјадници германски продавници им се заканува затворање


  Зголемените трошоци и падот на куповната моќ на потрошувачите се закануваат да затворат уште илјадници продавници во Германија, соопшти здружението на трговци на мало ХДЕ. Здружението предупреди дека се повеќе и повеќе продавници во центрите на градовите се затвораат. Бројот на трговците на мало во Германија со години се намалува. Пандемијата го забрза тој […]

Гутереш му испрати писмо на Путин за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го предложи „патот по кој треба да се оди“ за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки, изјавија неговите претставници синоќа, по неговиот состанок со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Гутереш му врачи на Лавров „писмо до претседателот Владимир Путин, во кое тој го опиша […]

Хаити: Десетина членови на банда нападнати со камења и живи запалени


Десетина наводни членови на банда вчера биле гаѓани со камења и живи запалени од жители на населба во Порт о Пренс, соопштија полицијата и очевидци, а ОН истиот ден предупредија дека на Хаити владее несигурност како во услови на „вооружен конфликт“. Овој нов случај на смртоносно насилство дојде откако полицијата приведе вооружени лица во услови […]

Привршува судењето на групата „Горди момци“ за нeредите со упадот во американскиот Капитол


Судскиот процес против лидерите на групата Proud Boys (Горди момци) привршува со денешниот настап на обвинителот кој изјави дека со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, обвинетите покажале „жед за насилство и организирале акции“.  Според заменик обвинителот Конор Малро, Гордите момци се сметале за воена сила на поранешниот претседател Доналд Трамп и биле „спремни да […]

Фон дер Лајен: Нашата критична инфраструктура е загрозена


Критичната инфраструктура на Европската унија е загрозена и EУ и НАТО формираа заедничка работна група за испитување на можните закани за клучните сектори, вклучително и енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа изјави дека ЕУ работи со НАТО за да се подготви за „најлошиот исход“. Фон дер Лајен најави дека […]

„Тензиите се на врвот“: Се ближи ли конфликт?


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денеска дека руската „инвазија“ на Украина предизвикува огромни страдања и уништувања во таа земја. „Тензиите меѓу големите сили се на историски врв, како и ризиците од конфликт, поради несреќа или погрешна пресметка“, предупреди Гутереш, говорејќи на седницата за мултилатерализмот и Повелбата на ОН, со која претседаваше рускиот […]