„На нас паѓа пепел“: Италијанецот Дарио откри како изгледа ерупцијата на Етна
Поради ерупцијата на Етна, најактивниот вулкан во Европа, повеќе туристи останаа заробени на аеродромот бидејќи сите летови беа прекинати поради големо количество пепел на пистите.
Исфрлањетоа вулканска лава воопшто не е пријатно, тоа е застрашувачки феномен, но жителите на сицилијанска Катанија велат дека навикнале на оваа појава.
„Денот кога започна ерупцијата, врнеше малку дожд, а потоа темнината го зафати целиот град, со најголемите црни облаци. Мислевме дека доаѓа голема бура, но нешето потоа, пепелта почна да паѓа по дождот и ни беше јасно дека една од ерупциите повторно започна“, вели за Рина Дарио Кватроки од Катанија.
Набргу потоа улиците и дворот беа прекриени со пепел, но како што додава, не во толку голема мера како што паѓаше при претходните ерупции на Етна. Најзагрозени населби за време на ерупцијата на лавата се Џаре, Заферана и Тре Каштање.
„Порано се случуваше по ерупцијата улиците, дворовите и прозорците да бидат целосно црни. Целиот град поцрнува, огромните количества пепел често ги затнуваат одводите и кога повторно врне, тие се затнуваат, а потоа се излеваат. По секоја ерупција. мора да почнеме да чистиме за да можеме нормално да функционираме.Некои сограѓани од пепелта што се чисти прават уникатни сувенири кои подоцна им ги продаваат на туристите“, изјави Дарио.
Тој додава дека и покрај фактот што активниот вулкан Етна понекогаш изгледа навистина поразителен, тоа е она по што се познати во Европа и светот, па затоа им е многу драго што всушност е тука во нивниот град.
„Навикнати сме на тоа, Етна е нашиот симбол. Она што секако е најголемиот проблем предизвикан од ерупцијата прекинот на воздушниот сообраќај, бидејќи многу летови ќе бидат откажани бидејќи авионите не можат да полетаат поради огромната количина пепел. Стотици луѓе беа оставени на аеродромот во претходните денови, но штом условите дозволија, пистите беа расчистени и сѐ се врати во нормала“, изјави овој жител на Катанија.
Етна е активен вулкан во Италија кој се наоѓа на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија, се издига на 3.357 m надморска височина и покрива површина од 1.190 km2 со основен обем од 140 километри. Ова го прави убедливо најголемиот од трите активни вулкани во Италија, околу два и пол пати повисок од следниот најголем, Везув. Етна е еден од најактивните вулкани во светот и речиси постојано еруптира. Иако во неколку наврати има направено огромни штети, Етна не се смета за многу опасен вулкан и илјадници луѓе живеат во негова сенка. Плодната вулканска почва поддржува екстензивно земјоделство, со лозја и овошни насади распространети низ долните падини на планината и широките рамнини на Катанија.