„Ролан Гарос“ нема да воведе кодекс на облекување


Франција – Директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ Ги Форже соопшти дека организаторите на турнирот нема да воведат кодекс на облекување по необичниот костим на Американката Серена Вилијамс за време на минатогодишното издание. – Денес, производителите почнуваат да ни презентираат облека во разни бои кои ќе ги носат играчите. Ние немаме намера да забраниме ништо, […]

Спортот остана во сенка на политиката, Михтаријан нема да игра финалето во Баку


Фудбалерот на Арсенал, Ерменецот Хенрик Михтаријан нема да игра на финалето на Лига Европа во Баку, од безбедносни причини. Веста ја потврдија челниците на лондонскиот клуб, кои соопштија дека репрезентативецот на Ерменија нема да биде на стадионот во Баку на 29 мај на натпреварот против Челзи од едноставна причина, затоа што организаторите не можат да […]

Навивачите на Лацио му изразија почит на Де Роси


Навивачите на Лацио му изразија голема почит на Даниеле де Роси, кој по 18 години заминува од редовите на нивниот градски ривал Рома. Тие на натпреварот против Болоња на северната трибина на „Олимпико“ закачија огромен транспарент на кој пишуваше: „Горд и нескршлив непријател на теренот – Даниеле де Роси, Северот те поздравува“. Неодамна, почит кон […]

Комерцијална банка: Не влегуваме во Вардар


Комерцијална банка ги демантира гласиштата во дел од медиумите дека влегуваат во ракометниот клуб Вардар, односно дека директорот Хари Костов ќе го преземе управувањето со поранешниот европски шампион. „Информацијата не е точна“, велат од Комерцијална за „Независен весник“. Ракометарите на Вардар се подготвуваат пред фајнл-фоур турнирот во Келн од Лигата на шампионите каде се среќаваат […]

Младинска кошарка: Работнички обвинува за фалц-лиценци на Дино Баскет


Нова афера во македонската кошарка во екот на трансфер меѓу старото и новото раководство во Федерација. Произлезе од Кочани каде викендот се одржа финалниот турнир во младинската лига М14 за играчи родени во 2005/06. Титулата ја освои Дино Баскет по победата над Работнички со 87:75, но поразените обвинуваат за фалсификување на документација на двајца кошаркари […]

Бензема ја доби наградата за најдобриот француски фудбалер во странство


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави фотографија со наградата за најдобар француски фудбалер надвор од земјата. Бензема не можеше во неделата да присуствува на церемонијата во Париз, каде што им беа додели наградите на најдобрите играчи, тренери и судии оваа сезона. За наградата конкурираа и Пол Погба, Хуго Ллорис, Н’Голо Канте и Антоан Гризман. 

Голден стејт прв тим во последните шест децении со пет НБА-финалиња во низа


САД– Голден стејт е првата екипа по шест децении која пет пати по ред стигнува до големото финале на НБА-лигата. За потсетување, во 60-те години од минатиот век тимто на Бостон играше финале од 1959 до 1966 година. Противник на Голден стејт во финалето ќе биде поуспешниот од пресметката Милвоки – Торонто (2-1 моментален резултат). Голден […]

Тоти влезе во „Куќата на славните“


Италија – Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти на свечена церемонијата во Фиренца синоќа стана дела од „Куќата на славните“ на италијанскиот фудбал. – Неверојатен ден! Сакам да им се заблагодарам на сите што ме почестија со оваа чест. Мислам дека светското првенство во 2006 година одигра решавачка улога. Ви благодарам, изјави Тоти. Четириесет и две […]

Почина Ники Лауда, легендарниот возач во Формула 1


Англија – На возраст од 70 години почина трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда. Од средината на минатата година, Австриецот се бореше со здравствени проблеми, вклучувајќи трансплантација на бели дробови во август, за што е потребен двомесечен престој во болница. На почетокот на оваа година, повторно бил хоспитализиран за краток период по инфекцијата со […]

Шпанците го прекинаа договорот со „Адидас“


Шпанската фудбалска федерација и германскиот гигант за производство на спортска опрема „Адидас“ го прекинаа договорот кој требаше да трае до 2026 година. Шпанците од 1992 година беа лојални на германскиот бренд, но сега е дојдено време за разделба, откако од шпанската федерација одлучија да ја прекинат соработката. Како причина за ваквиот исход ја наведуваат таа […]

Конте се поблиску до Интер


Антонио Конте е со поблиску до тоа да биде новиот тренер на Интер од Милано. Медиумите во Италија пренесуваат дека поранешниот селектор на Италија практично постигнал договор со челниците на неро-азурите. На поранешниот тренер на Челзи му е понуден четиригодишен договор со по осум милиони евра по сезона, а истиот ќе му истече во јуни […]

Симеоне: Благодарен сум му на Гризман за се


Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека е благодарен на напаѓачот Антоан Гризман за се што направил за „јорганџиите“. „Првин, благодарен сум му на Гризман за петте фантастични години поминати во клубот. Можам само да му кажам благодарам за се што направил. Многу го сакам како човек и имам одличен однос со неговото семејство“, […]

Наполи одби 110 милиони евра за Кулибали


Кулибали не е на продажба, е одговорот на Наполи во врска со понудата на Манчестер јунајтед вредна 110 милиони евра. Претседателот на италијанскиот клуб Аурелио дел Лаурентис и годинава ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, оценувајќи ја како мала, иако годинава англискиот клуб понудил 10 милиони повеќе споредено со минатата година кога понуди само 100 […]

Кејн подготвен за финалето на ЛШ


Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул. Според лондонскиот „Ивнинг стандард“, се очекува капитенот на Тотенхем целосно да се опорави од повредата на зглобот. Кејн се повреди во април годинава на првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шамиони против екипата на Манчестер сити. Иако челниците на лондонскиот клуб […]

ПСЖ испрати понуда до Јувентус за Пјаниќ


Парижаните му испратиле конкретна понуда на Јувентус, во која сакаат Миралем Пјаниќ да го имаат во нивните редови, јавуваат француските медиуми. Пјаниќ следната сезона би можел да игра во дресот на ПСЖ, откако францускиот клуб му понудил на Јуве 100 милиони евра за услугите на репрезентативецот на БиХ. Иако се работи за голема сума на […]

(ВИДЕО) Роналдо го удри синот со пехар


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за време на церемонијата на доделување на наградата во Серија А од невнимание го удри својот син Кристијано Роналдо Јуниор со трофејот кој го држеше во раце. Ова се случи синоќа по натпреварот од 37. коло од шампионатот на Италија, на кој „бјанко-нерите“ одиграа 1:1 со Аталанта. Јувентус од поодамна […]

Клајберн прогласен за МВП на „Фајнал фор“ во Евролигата


Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клајберн е прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалниот турнир од Евролигата. ЦСКА го освои трофејот по синоќешниот триумф со 91:83 над Анадолу Ефес. Во финалето Американецот постигна 20 поени и, заедно со Кори Хигинс беа најдобри стрелци во својот тим. Рускиот кошаркарски великан го освои осмиот наслов европски шампион […]

ЦСКА Москва нов европски кошаркарски шампион


Екипата на ЦСКА Москва е нов европски шампион во кошарка, откако вечерва во финалето од завршниот „Фајнал фор“ турнир во Виторија го победи Анадолу Ефес со 91:83. За ЦСКА, ова е четврти трофеј во Евролигата во новиот формат и осми наслов шампион на Европа. Московјаните се искачија на кошаркарскиот трон во Европа во 1961, 1963, […]

Меси по шести пат најдобар стрелец во Примера


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, стана најдобриот стрелец во шампионатот во Шпанија за сезоната 2018/19. Аргентинецот постигна 36 гола, убедливо повеќе од своите конкуренти – соиграчот Луис Суарез и напаѓачот на Реал, Карим Бензема кои во листата на стрелците се запишаа по 21 пат. Претходно Меси трофејот Пичичи гомосвојуваше во 2010, 2012, 2013, 2017 […]

Надал подобар од Ѓоковиќ во финалето во Рим


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалниот меч на АТП турнирот во Рим со 2-1, по сетови 6:0, 4:6 и 6:1. Мечот по кој Надал стигна до неговата 81-ва титула во кариерата траеше нешто помалку од два и пол часа. Воедно Шпанецот го запиша 34. Триумф на турнирите од серијата 1.000. […]