Вардар минимално го порази Металург


Четири дена по фантастичниот триумф над Пик Сегед во ракометното четвртфинале од Лигата на шампионите, Вардар попладнево го одработи и мечот против Металург во домашното првенство. Натпреварот во малата сала од СЦ „Јане Сандански“ заврши со резултат 32-31 (15-18) со што црвено-црните го задржаа максималниот учинок во лигата. Киселјев со осум гола беше беше прв […]

Нејмар пред тешка казна поради удирање на навивачот на Рен


Казна од 5 натпревари може да добие ѕвездата на ПСЖ, Нејмар по инцидентот позавршувањето на финалето на францускиот куп со Рен. Еден обожавател на противничкиот тим го снимаше Бразилецот со неговиот телефон, по што дојде до размена на зборови и удар од страна на офанзивниот фудбалер во брадата на фанот. Случајот се испитува, а извештајот […]

Трагедија во Турција, загина чешки фудбалски репрезентативец


Голема трагедија во Турција! Минибусот кој ги превезувал фудбалерите на турскиот прволигаш Аланија синоќа излетал од патот, а смртно настрада чешкиот репрезентативец Јожеф Шурал. Шурал имаше 29 година, а минатата зима од Спарта Прага се пресели во Аланија која оваа сезона е најпријатното изненадување во турската Суперлига и се наоѓа на петтото место на табелата. […]

Реал Мадрид израмни негативен рекорд стар 10 години


Десетгодишен анти-рекорд сруши Реал Мадрид при поразот од 0-1 минатата ноќ од Рајо Ваљекано. „Белите“ го забележаа десеттиот пораз во шампионатот, што не се случило од 2009 година, кога тие беа втори зад Барселона. Поразот на Рајо Ваљекано е нешто што не се случило во последните 22 години. Многумина ги препишуваат лошите резултати од напуштањето […]

Баерн не го искористи во целост киксот на Борусија


Бранителот на трофејот во Бундеслигата, Баерн Минхен, одигра само 1:1 вечерва на гостувањето кај Нирнберг и пропушти можност да се „одлепи“ позначајно на врвот на табелата од второпласираната Борусија Дортмунд. „Баварците“ иако важеа за големи фаворити против претпоследниот тим на табелата, може да бидат задоволни со бодот, бидејќи домаќините не реализираа пенал во финишот. Од […]

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Челзи освоија по бод на дербито на „Олд трафорд“


Манчестер јунајтед и Челзи одиграа нерешено 1:1 во дербито од 36.коло во Премиер лигата. На дуелот одигран попладнево домаќините поведоа преку Хуан Мата во 11.минута, Челзи изедначи со голот на Маркос Алонсо во 43.минута. Двете екипи се борат да обезбедат место кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона. Челзи со 68 бода во […]

Заврши светското првенство во пинг понг


Во унгарската престолнината Будимпешта изминатите седум дена се одржа светското првенство во пинг понг во поединечна конкуренција. На Мундијалот учествуваше и македонската репрезентација претставена од: Кристијан Станојковски и Петар Костовски во машка конкуренција, и Ива Димитриевска и Ана Стојановска во женска конкуренција. Нивниот настап беше симболичен без некој значаен резултатски успех. Сепак, на светското првенство […]

Познато зошто Нејмар го удрил поддржувачот на Рен


Фанот на Рен, кој вчера беше удрен од ѕвездата на ПСЖ, Нејмар планира да поднесе жалба до полицијата, пренесува „Радио Монте Карло“. Инцидентот се случи додека Бразилецот се качуваше по скалите на трибините, по крајот на синоќешното финале во Купот на Франција, кое ПСЖ го загуби по пенали. Еден од навивачите во близина на скалите […]

Братот на Азар го објави договорот со Борусија Дортмунд


Белгискиот репрезентативец Торган Азар потврди дека е блиску до трансфер во Борусија Дортмунд. – Веќе имам договор со Дортмунд. Зборувавме и се разбравме за моите лични услови. Сега двата клуба треба да се разберат. За тоа е потребно време, но сепак се водат преговори, призна офанзивниот халф на Борусија Менхенгладбах во интервју за „VTM Nieuws“. […]

Меси освоил најмногу поени со своите голови, најдобар е и како резерва


Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси синоќа влезе како резерва и го постигна победоносниот гол за успехот со 1:0 над Леванте, со кој неговиот тим ја обезбеди титулата во Шпанија. На овој начин тој се етаблира како број 1 на уште два начина. Со своите погодоци, Аргентинецот освоил најмногу поени во оваа сезона од сите играчи […]

Роналдо го постигна голот бр. 600 и брка нов рекорд


Кристијано Роналдо синоќа постигна нешто уникатно. Португалецот го постигна својот гол бр.600 на клубско ниво во 235-тото „Дерби на Италија“ помеѓу Интер и Јувентус, со што помогна за освојување на бод за шампионите при гостувањето на „Џузепе Меаца“. Роналдо го надмина Лионел Меси при одбележувањето на 600 гола. Лео се запиша за Барселона против Леванте, […]

(ВИДЕО) Нејмар удри навивач на Рен


Бразилецот Нејмар ги загуби своите нерви по поразот во финалето на францускиот куп против Вен. Парижаните отстапија по пенали и во регуларното време мечот заврши 2:2. Нејмар и неговите соиграчи може да жалат, бидејќи потрошија предност од два чисти гола, откако Бразилецот го реализираше првиот, а Даниел Алвеш вториот погодок. По искачувањето на „Стад де […]

Тим го елиминира Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона


Австриецот Доминик Тим ќе игра во финалето на „Барселона опен“ по победата над фаворитот Рафаел Надал (Шпанија) во второто полуфинале со 2-0. Двата сета 25-годишниот австриски тенисер ги доби со по 6:4. Мечот траеше два часа и пет минути. Противник на Тим во финалето ќе му биде Русинот Данил Медведев, кој во првото денешно полуфинале […]

Леклер по излетувањето: Јас сум будала, будала


Пилотот на Ферари, Шарл Леклар удри со својот болид во оградата на патеката во Баку, за време на денешните квалификации за „Големата награда на Азербејџан. Возачот ја загуби контролата во осмиот круг и се „заби“ во заштитниот сид. Овој инцидент се случи во најтесниот дел од патеката. – Јас сум будала, будала, извика Леклер на […]

Медведев го совлада Нишикори и обезбеди финале на турнирот во Барселона


Рускиот тенисер Даниел Медведев ќе игра во финалето на АТП турнирот во Барселона, по денешната победа над Кеи Нишикори од (Јапонија) во три сета – 6:4, 3:6, 7:5. Мечот траеше 2 часа и 26 минути. Во финалето, 23-годишниот Медведев ќе се сретне со победникот од дуелот Рафаел Надал (Шпанија) – Доминик Тим (Австрија). Наградниот фонд […]

Почетино: Кејн може да биде подготвен за финалето на ЛШ


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека напаѓачот на „петлите“, Хари Кејн може да се врати за финалето во Лигата на шампиони на 1 јуни, ако тимот го отстрани Ајакс во полуфиналето на турнирот. Кејн се уште се опоравува од поврдата во глуждот, откако по втор пат страда од слична повреда оваа сезона. Англискиот репрезентативец […]

Фенербахче се пласира на Ф4 во Евролигата


Фенербахче е втората екипа која обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор во кошаркарската Евролига. Во четвртиот натпревар од серијата, тимот од Истанбул славеше на гости кај Жалгирис со 82:99. Противник на Фенербахче во полуфиналето ќе биде подобриот тим од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Барселона, во кој турскиот тим има предност од 2:1 во победи.  

Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед


Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред реваншот во Унгарија. Тимот на Роберто Гарсија Парондо беше инспириран од неверојатната атмосфера која ја направија македонските навивачи во преполната „Јане Сандански“, играа креативно во нападот и покажаа агресивност во […]

Зидан: Продажба на Куртоа или Навас? Може да се случи


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сосема отворено призна дека во текот на летото тој може да се раздели со еден од неговите двајца водечки голмани. Францускиот ментор, сепак, одби да наведе дали тоа ќе биде Тибо Куртоа или Кејлор Навас. Во моментов, стартната позиција на Белгиецот изгледа полоша, бидејќи тој беше резерва во првиот […]

Буфон пред напуштање на ПСЖ


Италијанскиот фудбалски ветеран Џанлуиџи Буфон може да стави крај на својата кариера во текот на летото, откако откажа да го обнови договорот со Пари Сен Жермен. Славниот голман всушност размислува за предлог да се врати во Јувентус како директор. Четириесет и едно-годишниот голман потпиша со ПСЖ во текот на летото на 2018 година, откако стави […]