(Видео) Протече видеото со Нејмар и девојката која го обвинува за силување


Видео со учество на Нејмар ги обиколува социјалните мрежи веќе неколку часа. Тоа покажува како асот на ПСЖ и моделот Нажила Триндаде, која го обвинува за силување, се расправаат во еден хотел во Париз. Бразилскиот телевизиски канал „Рекорд“ го емитуваше видеото.
Тоа трае 45 секунди и беше објавено на веб-страницата на „Тина“. Покажува како Бразилецот влегува во соба и легнува на креветот, а потоа девојката оди кон него. Потоа, судејќи според звуците, следи шлаканицата во лицето на Нејмар, кој извикува: „Не, не“. По краток дијалог, жената станува уште поагресивна и почнува да ја удира бразилската ѕвезда. Му кажува: „Сега ќе те истепам! Знаеш зошто? Затоа што вчера ме повреди и ме остави сама“.
Уште вчера Триндаде се закани со ширење видео, кое „ќе ја уништи кариерата на Нејмар“.
Русокосата, исто така, даде ТВ-интервју кажувајќи ја за нејзината врска со најскапиот фудбалер во историјата.
„Имаше агресија порај силувањето“, рече таа во интервју кое е емитувано на мрежата на „SBT“.
„Беше нестрплив и ме праша кога можам да дојдам во Париз. Му одговорив дека не можам поради финансиски причини и работата. Ми рече дека може да го реши сето тоа. Навистина сакав да се сретнеме“, рече Нажила.
„Работите се променија драматично при нашата прва средба. Во хотелот беше агресивен, сосема различен од момчето кое го познавав од пораките. Почна да ме бакнува и соблекува. Отпрвин ми се допадна, но потоа почна да делува грубо. Излезе дека има кондом и му реков дека нема да правиме ништо. Но тој продолжи. Му реков: „Доста е, ме боли“. Ми врати: „Жалам убавице“. Тој не застана и не одговори на моите викотници. Ме преврте, ме мачеше, ме тепаше. Бев шокирана. Едвај подоцна сфатив што се случи. Сакам да плати за тоа што го направи. Не станува збор за пари. Ако ми требаа финансиски средства, ќе изберев полесен начин“, додаде таа.
Сепак, ова не е мислењето на многу фанови на Нејмар. Бразилските медиуми вчера објавија дека Нажила Трианде има налог за отстранување од станот, каде живее и две тужби за долг. Таа морала да плати 26.712 реали (околу 6.923 долари) за кирија. Случај против неа водела и Пан-американската школа за уметност, која ја тужи за долг од 4.160 реали (околу 1.078 долари).