Сензација во Париз: Седумнаесет годишната Анисимова ја победи Халеп


Американката Аманда Анисимова обезбеди полуфинале на Грен слемот „Ролан Гарос“ откако попладнево приреди вистинска сензација совладувајќи ја во четвртфиналето третата носителка Симон Халеп.

Во меч кој траеше еден час и 10 минути, 17-годишната Анисимова триумфираше со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4.

Следна противничка на младата американска тенисерка ќе биде осмата носителка на турнирот во Париз, Ешли Барти од Австралија.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Џоана Конта од Велика Британија и Маркета Вондроушова од Чешка.

Вкупниот фонд за награди на „Рплан Гарос “ изнесува од 42,6 милиони евра.