Ѓоковиќ незапирлив кон четвртфиналето на Ролан Гарос


Франција – Тенисерот број 1 во светот Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во четвртфиналето.

Последната пречка на Новак на отвореното Француско првенство му беше Германецот Јан Ленард Штраф, кого убедливо го порази со 3:0 во сетови, односно 6:3, 6:2 и 6:2 во гемови.

Српскиот тенисер во четврфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Фабио Фагнини и Александер Звер.