(ФОТО) Европскиот шампион е главна атракција на аеродромот во Келн


Ракометарите на Вардар се подготвуваат за враќање во Скопје, а поради малото одложување на летот, времето го искористија за да се фотографираат со фановите на аеродромот во Келн.

Вардарци се главната атракција на аеродромот и сите посакуваат заедничка фотографија со хероите кои се издигнаа над сите проблеми и повторно го донесоа најценетиот европски ракометен трофеј во Скопје.