Објавени детали за трагичната смрт на Рејес


 Мерцедесот Брабус С550, со кој управуваше Хозе Антонио Рејес, непосредно пред сообраќајната несреќа се движело со брзина од 237 километри на час.

Во податоците од полицискиот записник за сообраќајката кои ги објави „Ел Мундо Депортиво“ се  додава дека при толку голема брзина Рејес нагло свртел и удрил на заштитната награда на патот, притоа му пукнала гумата и целосно ја изгубил контролата врз возилото.

Според полицискиот записник, откако ја изгубил контролата, автомобилот поминал две ленти и влегол во спротивна насока, потоа удрил во бетонска ограда, се превртел врз неа и се запалил.

 Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал и Атлетико, загина во саботата во сообраќајка на пат од Севиља кон родното место Ултрера.