Брестовац го објави списокот за квалификациските мечеви против Турција и Грција


Македонската ракометна репрезентација ќе ги одигра последните два меча од квалификациите против репрезентациите на Турција и Грција.

За таа цел, селекторот Данило Брестовац го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на овие два меча. На листата на селекторот се најдоа 28 играчи, кои беа дел и од претходните натпревари, па не се очекуваат поголеми промени иако списокот треба да се скрати.

Сениорите петтиот натпревар од квалификациската група ќе го одиграат на 12.06.2019 (среда) против репрезентацијата на Турција во Ескишехир во 19:00 часот.

Последниот натпревар на сениорите е против селекцијата на Грција и ќе се одигра на 16.06.2019 (недела) во Струмица со почеток во 18:00 часот.

Македонија го дели првото место во квалификациската група заедно со селекцијата на Исланд.