Авионот со ракометарите на Вардар ќе доцни, во Скопје ќе слета во 20.30 часот


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот.

-Почитувани, поради административни причини (пасоши, документи и сл.) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20:30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад „Македонија“ на достоинствен пречек на нашите шампиони, пишува Шилегов на својот фејсбук-профил.

Првично беше најавено дека чартерот во Скопје ќе стигне во 16.15, а подоцна  беше соопштено дека ќе слета во 18:50 часот.