Навивач на Голден Стејт платил 100.000 долари за две влезници за финалето во НБА


Сто илјади долари за две влезници во паркетот за финалето, платил еден навивач на Голден Стејт Вариорс, со што го соборил рекордот на НБА.

Таа информација на Твитер ја објави Дарен Равел од „Екшн нетворк“, кој не го откри идентитетот на купувачот, туку само дека влезниците ги платил преку службената страница на Вариорс и дека станува збор за четвртиот натпревар од финалето, и воедна последен како домаќин на Голден стејт.

Но, извори од актуелниот шампион на НБА велат дека и овој рекорд може многу лесно да биде соборен ако се знае дека уште две места покрај паркетот се слободни и дека цената за само една од двете влезници изнесува неверојатни 95 илјади долари.