Караванот со навивачите на Вардар тргна кон скопскиот аеродром


Колоната возила со навивачи на евроспкиот ракометен шампион Вардар тргна од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон аеродромот каде за околу еден час се очекува да слета авионот од Келн.

Навивачи и од другите делови на градот тргнаа да ги пречекаат своите миленици кои викеднот стигнаа до втората европска титула.

Од аеродромот „црвено-црните“ ќе се упатат на плоштадот во центарот на македонската престолнина.