МЗТ ќе игра за трофејот на турнирот во Романија


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во финалето на турнирот во Романија, откако вчеравечер во полуфиналето го победија унгарски Шолнок со 115:94. Македонскиот шампион триумфот го обезбеди во вториот и третиот период, кои заедно ги доби со 18 поени разлика (58:40). Највисокото водство на сино-белите изнесуваше 29 поени (105:76). Натпреварот го одбележа македонскиот репрезентативец […]

Младите македонски репрезентативци ги демолираа Фарски Острови во првиот меч од квалификациите за ЕП


Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021 година. Нашата селекција славеше по пресврт со убедливи 7:1, откако „хет-трик“ забележа Димитар Митровски, два гола беа на Дарко Чурлинов, а погодија и Ердон Даци и Есмин Личина. Гостинската репрезентација го отвори резултатот со гол од пенал на […]

Ѓорѓевиќ: Не ми се допаднаа некои одлуки на судиите


Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Саша Ѓорѓевиќ изјави дека неговиот тим е скршен по поразот на Србија со 87-97 против Аргентина во првото четвртфинале на СП 2019 година. Тој додаде и дека не му се допаднеле некои одлуки на судиите. – Ние сме скршени. Момчињата се изложени на силен притисок последниве денови. Сите не правеа […]

Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на СП 2019


Шпанија не дозволи изненадување против Полска и стави крај на приказната за ривалот кој се врати на завршница на Светско првенство по отсуство од повеќе од половина век. Светските шампиони за 2006 година го добија четвртфиналниот судир со 90:78 (22:18, 24:23; 21:17, 23:20) по што се пласираа во полуфиналето, каде ја очекуваат Австралија или сензацијата […]

Иранка се самозапали пред да биде осудена за обид за влегување на стадион


Жена во Иран се самозапали пред да и биде изречена казна затвор бидејќи сакала да гледа фудбалски натпревар на стадион. Таа се запали пред судот кога слушна дека би можела да биде осудена на затворска казна од шест месеци. Трагичната смрт на 30-годишната жена идентификувана како Шахар предизвика бројни коментари меѓу фудбалските ѕвезди и познати […]

Рамос: Погба е добредојден на „Бернабеу“


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека се надева дека Пол Погба сепак ќе се приклучи на шпанскиот гигант во блиска иднина. Французинот и неговиот агент сакаа тој да го напушти Манчестер Јунајтед во текот на летото и „белите“ беа главен кандидат за неговиот потпис, но на крајот ништо не се случи. „Црвените ѓаволи“ […]

Србија елиминирана од Аргентина во четвртфиналето на Светското во Кина


Аргентина ќе го игра полуфинале на Светското првенство во кошарка по трет пат во својата историја, откако ја елиминираше Србија по победата од 97-87 (25:23, 29:26, 14:18, 29:20). Предводени од Факундо Кампацо, кој беше вистински волшебник на врвот на нападот, како и Луис Скола, кој одигра уште еден фантастичен натпревар, иако има 39 години, Латиноамериканците […]

Ле Паризиен: Шумахер тајно пренесен во болница во Париз


Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е тајно хоспитализиран на клиника во Париз, објави „Ле Паризиен“. Според изворот, тој бил пренесен од вила во Швајцарија и однесен во болницата „Жорж Помпиду“. За време на транспортот, Шумахер бил внимателно скриен од јавноста. Тој бил придружуван од околу 10 лекари. На 29 декември 2013 година, Шумахер […]

Почнува четвртфиналната фаза на Светското кошаркарско првенство


На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза. По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка. Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија. На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија […]

Надал по четврти пат го освои УС Опен


САД– Шпанецот Рафаел Надал е победник на годинашното издание од Грен слемот УС опен. Тој во недела вечер, во финалето, по речиси пет часа борба го совлада Русинот Данил Медведев со 3-2, по сетови 7:5, 6:3, 5:7, 4:6 и 6:4. За Надал ова беше четврти трофеј во Њујорк и сега му фали само уште еден […]

Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска


Шведска – Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска, пренесува „АС“. Иницијативата потекна од шведската фудбалска асоцијација која одлучи споменикот да биде во Малме меѓу стариот и новиот стадион на локалниот клуб. Ова е родниот град и матичниот клубот на шведскиот напаѓач. Висината на статуата ќе биде 2,7 метра, тежина – […]

Добри вести за Солскјер: Баји може да се врати порано од очекуваното


Добра вест доби менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Централниот дефанзивец Ерик Баји може да се врати во игра порано од очекуваното. Тој беше подложен на операција на коленото и закрепнувањето се одвива добро. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска претрпе повреда за време на летната контролна средба со Тотенхем во јули и мораше […]

Силва: Радосни сме дека Нејмар остана


Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва изјави дека е задоволен што напаѓачот Нејмар остана во францускиот клуб. Во текот на летото, напаѓачот беше близу до трансфер во Шпанија. Главни кандидати беа Реал Мадрид и Барселона, но до трансфер така и не дојде. – Тренерот секогаш велеше дека се потпира на Нејмар. Сите веруваме во […]

Вардар седми фаворит за титулата во ЛШ


Традиционално пред почетокот на ракометната Лига на шампиони, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди фаворитите за европската титула. На врвот на листата е унгарски Веспрем, додека македонскиот тим и актуелен шампион, Вардар е на седмата позиција. Сепак од ЕХФ сметаат дека вардарци не треба да се отпишуваат. – Да се отпише тимот е грешка, […]

Марадона раскажа како го научил Меси да изведува казнени удари


Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Марадона кажа како го научил напаѓачот на Барселона, Лионел Меси да ги изведува слободните удари. – Меси е најдобриот што сум го тренирал. Никој не може да ме разубеди во тоа. Тој е вистински феномен. Но, имаше проблем со слободни удари. Затоа, после тренингот, останувавме да го вежба […]

Манчестер сити стана првиот клуб во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на своите играчи


Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде Манчестер сити. Англискиот клуб е првиот во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра. На второто место е […]

Леклер најбрз во Монца, втора победа во низа за Ферари


Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 возена попладнево на Монца за Големата награда на Италија. Тој успеа да ја искористи пол-позицијата и триумфира втор пат по ред пред големите конкуренти. На второто место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Леклер на […]

Ангеловски: Респект за Летонија, но ние одиме на победа


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија рече дека очекува победа. – Го респектираме тимот на Летонија, знаеме дека имаа лош натпревар против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу. Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова […]

Врачена државната награда „8 Септември“


Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот Кочо Димитровски, легендата на ФК Вардар, се добитниците на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот. Наградата на добитниците денеска им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син и дел од […]

Ван Дајк се согласи на шестгодишен договор со Ливерпул


Одбранбениот фудбалер Вирџил ван Дајк ќе потпише нов договор со Ливерпул. Според „Мирор“ премиерлигашот се договориле со 28-годишниот Холанѓанец за шестгодишен договор со зголемување на платата. Актуелниот договор на Холанѓанецот со „црвените“ важи до 2023 година. Оваа сезона, Ван Дајк играше на шест натпревари на сите натпреварувања, постигна еден гол и оствари една асистенција.