Екс-фудбалерот на Реал, Касано, е обожавател на Барса и Меси


Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација и играч на Реал Мадрид, Антонио Касано, изјави дека е обожавател на Меси и Барселона.

– Се надевам дека Лигата на шампионите ќе ја освои Барселона. Јас сум обожавател на Меси, името на мојот втор син е Лионел со причина. Тој е најдобриот играч во историјата. Како Федерер во тенисот. Има Роџер и има и други, истакна Касано.

Тој прогнозира дека Интер ќе биде шампион ви Италија оваа сезона.

– Интер ќе го освои Скудетото. Фиорентина на мојот пријател Монтела ќе биде главно изненадување. Интер ќе оди далеку во ЛШ, имаат посилен состав од Борусија. Наполи и Јуве нема да имаат никакви проблеми. Аталанта има и добри шанси, смета Касано.