Болт би трчал штафета со Роналдо, Бејл и Мбапе


Најбрзиот човек на сите времиња, Јусеин Болт, одбра со кои тројца фудбалери би трчал штафета 4 пати по 100 метри.

Спринтерот од Јамајка кој ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, смета дека најбрзи фудбалери на светот се еден играч на Јувентус, еден на ПСЖ и еден на Реал Мадрид. Одговорот е прилично очекуван, бидејќи тројцата се супер брзи, а притоа и познати во светот.  

„Со кои фудбалери би трчал штафета 4х100? Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Герет Бејл“ – рече Болт, кој со репрезентацијата на Јамајка го држи светскиот рекорд и во штафетата 4х100 метри.