Натпреварите на Барнли еден месец нема да се емитуваат на телевизија


Натпреварите на англискиот фудбалски премиерлигаш Барнли во ноември нема да се пренесуваат на телевизија.

Телевизиските права за Премиер лигата се веројатно најскапи на светот, а клубовите заработуваат многу со телевизиските преноси, поради што Барнли ќе претрпи финансиска загуба во текот на ноември.

Вистинска реткост е една екипа да нема директен пренос на телевизија од своите натпревари. Но, Барнли во ноември не игра против екипи од врвот на табелата. Ривали му се Шефилд јунајтед, Вест Хем, Вотфорд и Кристал Палас, па за телевизиите, дуелите на Барнли со овие противници не се атрактивни.
Барнли ќе го има во пренос на 3 декември кога ќе го пречека Манчестер сити.