Најдобриот голман на светот ќе добие посебна награда


Магазинот „Франс фудбал“ кој секоја година ја доделува „Златната топка“ за најдобриот фудбалер на светот, реши да воведе нова награда која ќе се вика „Лав Јашин“.

Новата награда која го носи името на единствениот голман во историјата кој бил прогласен за играч на годината, ќе ја добие тој што ќе биде прогласен за најдобар голман на светот.  

На 21 октомври ќе се објават имињата на десетте кандидати за оваа награда, а во гласањето ќе учествуваат селекторите и капитените на репрезентациите од светот, исто како и за фудбалер на годината.

Церемонијата на доделување на „Лав Јашин“ и „Златната топка“ ќе биде на 2 декември во Париз.