Роналдо ќе потпише нов договор со Јувентус


Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Јувентус, што му истекува во јуни 2022 година, објавија италијанските медиуми. Според истите извори, раководството на италијанскиот првак ќе му понуди на Роналдо продолжување на соработката најмалку за уште една година. Преговорите за продолжување на соработката ќе почнат наскоро и се очекува да резултираат со договор, бидејќи и …

Роналдо ќе потпише нов договор со Јувентус Read More »

Француски возач загина на релито Дакар


Францускиот мотоциклист Пјер Шерпен почина пет дена откако падна за време на седмата етапа на релито Дакар, соопштија организаторите во петокот. Овој 52-годишник, кој учествуваше на неговото четврто рели Дакар, беше подложен на неврохируршка интервенција и беше ставен во медицинска кома по несреќата во Саудиска Арабија. „За време на неговиот трансфер со медицински авион од …

Француски возач загина на релито Дакар Read More »

Марселињо: Секогаш е убаво да се победи Реал


Тренерот на Атлетик Билбао, Марселињо Торал ги сподели своите емоции по триумфот (2:1) над Реал Мадрид синоќа во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. – Големи емоции, да се победи Реал е секогаш задоволство. Фудбалерите покажаа одлична концентрација и кохезија. Јас сум многу задоволен. Атлетик нема победа на 11 натпревари против Реал Мадрид. Драго ми е што …

Марселињо: Секогаш е убаво да се победи Реал Read More »

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство


Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори вечерва Светското првенство во Египет, претрпувајќи убедлив пораз од Шведска од 32:20 (16:11). Мечот во Каиро започна изедначено на двете страни, по што Шведска ја презеде контролата врз резултатот за прво повисоко водство од 8:5 во 11 минута. Македонските ракометари брзо вратија со серија од 3-0, но уследија серија технички грешки и десет минути без …

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство Read More »

Втора победа на македонските одбојкари над БиХ во квалификациите за ЕП 


Македонската одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Скопје со 3:0 (25:20, 26:24, 25: 13) по втор пат во квалификациите ја совлада Босна и Херцеговина со што обезбеди најмалку второ место во групата Ц. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ евроквалификациите ги завршуваат в сабота против фаворитот Турција, од која вчера загубија …

Втора победа на македонските одбојкари над БиХ во квалификациите за ЕП  Read More »

УЕФА засега останува на планот за ЕП во 12 држави


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), засега, не разгледува алтернативи на планот за организација на претстојното Европско првенство ширум стариот континент, и покрај неповолната епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот. -Што се однесува до Европското првенство, што е закажано од 11 јуни до 11 јули во 12 градови и 12 држави, ништо се нема променето, соопшти попладнево УЕФА, откако пандемијата од почетокот на годинава …

УЕФА засега останува на планот за ЕП во 12 држави Read More »

Енди Мареј заразен со корона вирус


Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј е позитивен на корона вирус, но се надева дека, сепак, ќе може да настапи на Австралија Опен, што започнува на 8 февруари. Мареј, кој во минатото пет пати губеше во финалето на Австралија Опен, се наоѓа во самоизолација и се чувствува добро. Рејтингот на Мареј изминатите неколку години беше во постојан пад поради проблеми …

Енди Мареј заразен со корона вирус Read More »

Ангеловски ќе ја предводи македонската фудбалска репрезентација на ЕП


Игор Ангеловски останува на селекторското место и ќе ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство во јуни оваа година, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) – Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, се наведува …

Ангеловски ќе ја предводи македонската фудбалска репрезентација на ЕП Read More »

Македонските ракометари вечер против Шведска ќе го имаат својот прв настап на СП 2021


Македонската ракометна репрезентација вечер од 20.30 часот ќе се сретне со Шведска во 1. коло од Г-групата на Светското првенство во Египет. Избраниците на селекторот Данило Брестовац право за настап на Мундијалот добија по откажувањето на чешката репрезентација и во Каиро пристигнаа на само еден ден пред натпреварот. Сепак, од таборот на нашата репрезентација се …

Македонските ракометари вечер против Шведска ќе го имаат својот прв настап на СП 2021 Read More »

Покетино за првиот трофеј со ПСЖ: Ова е само почеток


Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше прв за Аргентинецот како предводник на на парискиот клуб. – Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам …

Покетино за првиот трофеј со ПСЖ: Ова е само почеток Read More »

Харден го напушти Хјустон и замина во Бруклин


Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин. Според НБА инсајдерот Шемс Харанија, клубовите се договориле за трансфер на 31-годишниот Американец. Индијана и Кливленд исто така се вклучени во зделката која содржи голем број размени и права на избор на драфтот. Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, за трансферот на Харден …

Харден го напушти Хјустон и замина во Бруклин Read More »

Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет


Домаќинот Египет славеше над Чиле со 35:29 (18:11) во премиерниот натпревар на Светското првенство во ракомет, што вечерва официјално започна во Каиро. Египет го контролираше резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање. Во вториот натпревар во Г-групата, македонската репрезентација утре од 20:30 часот ќе игра …

Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет Read More »

Кинеските газди го продаваат Интер на англиски инвестициски фонд


Италија– Интер најдоцна до крајот на оваа сезона ќе има нов сопственик, откако соочена со големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) веќе почна преговори за продажба на италијанскиот прволигаш. Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, „Сунинг“ е во напредна фаза на преговори со англискиот инвестициски фонд „БиСиЦ Партнерс(BC Partners)“ …

Кинеските газди го продаваат Интер на англиски инвестициски фонд Read More »

Синот на Петар Наумовски потпиша за МЗТ Скопје


Шампионот МЗТ Скопје Аеродром потпиша денеска договор со талентираниот Михаил Наумовски, син на еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Петар Наумовски. Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда. – Ќе дадам сè од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство …

Синот на Петар Наумовски потпиша за МЗТ Скопје Read More »

САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство


Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на Светското првенство во ракомет. Причината е голем број играчи со позитивни тестови за коронавирус. Мундијалот ќе почне денес и ќе трае до 31 јануари во Египет. Американскиот тим ќе биде заменет со репрезентацијата на Швајцарија, која заврши на 16. место на Европското првенство. Швајцарците ќе играат …

САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство Read More »

РФМ: Целосно сме подготвени за настап на ракометниот Мундијал


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за поканата македонската репрезентација да настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет. Во дописот до ИХФ потпишан од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се истакнува дека македонскиот национален тим е „целосно подготвен“ за настап на „ракометниот спектакл“. – Во име на РФМ и во мое …

РФМ: Целосно сме подготвени за настап на ракометниот Мундијал Read More »

ИХФ: Сите играчи се негативни на Ковид-19 – ќе играме на СП


 Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва потврди дека македонската репрезентација ќе настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет, откако претходно денеска Чешка го откажа настапот поради коронавирус во своите редови. – Како последица на неколку позитивни резултати по задолжителното тестирање за Ковид-19 пред заминувањето за Египет, репрезентацијата на Чешка официјално го откажа својот настап на …

ИХФ: Сите играчи се негативни на Ковид-19 – ќе играме на СП Read More »

Македонија оди на СП во ракомет, Чешка се откажа


Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет, што стартува утре, откако репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот. Чесите не се во можност да имаат конкурентна репрезентација на Мундијалот па затоа денеска одлучија да не патуваат за Египет. Во нивниот состав има …

Македонија оди на СП во ракомет, Чешка се откажа Read More »

Меси прогласен за најдобар плејмејкер на деценијата од страна на ИФФХС


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер во последните 10 години од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС). Второто место го зазеде поранешниот играч за врска на Каталонците Андрес Иниеста, а најдобрите три ги затвори играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Топ 10 плејмејкери на …

Меси прогласен за најдобар плејмејкер на деценијата од страна на ИФФХС Read More »

Анкета: Мнозинството Јапонци се против летово да се одржат ОИ во Токио


Огромно мнозинство од Јапонците сметаат дека Олимписките игри (ОИ), што лани беа презакажани за ова лето, треба да се откажат или повторно да се одложат покажуваат денеска објавените резултати од две одвоени анкети, спроведени од јапонската телевизиска мрежа ТБЦ и јапонската новинска агенција Кјодо. Од вкупно 1.261 анкетирани во истражувањето на TБЦ, дури 81 отсто …

Анкета: Мнозинството Јапонци се против летово да се одржат ОИ во Токио Read More »