Француски возач загина на релито Дакар


Шјер Шерпен почина пет дена по неговиот пад на релито

Францускиот мотоциклист Пјер Шерпен почина пет дена откако падна за време на седмата етапа на релито Дакар, соопштија организаторите во петокот. Овој 52-годишник, кој учествуваше на неговото четврто рели Дакар, беше подложен на неврохируршка интервенција и беше ставен во медицинска кома по несреќата во Саудиска Арабија.

„За време на неговиот трансфер со медицински авион од Џеда во Франција, Пјер Шерпен почина од повредите предизвикани од неговиот пад за време на седмата етапа од Хаџил до Сакака на 10 јануари“, се вели во соопштението на организаторот.

„Овој 52-годишен претприемач и ентузијаст на едрење, немаше други амбиции освен да живее авантура, без навистина да се грижи за подиумот: ‘Јас сум аматер, не сакам да победувам, туку да откривам пејзажи што никогаш не би имал можност да ги видам. Сè е возбудливо: возење на моторот, живеење на својата страст, запознавање на себеси’. Целиот караван Дакар сака да изрази искрено сочувство до неговото семејство, роднини и пријатели“, пишува во објавата на организаторот.