Лука Модриќ заразен со корона вирусот


Фудбалерите на Реал Мадрид Лука Модриќ и Марсело заразени се со корона вирусот, соопшти кралскиот клуб. На редовното тестирање за корона вирус во мадридскиот тим, позитивни резултати добиле Марсело и Лука Модриќ. Двајцата ќе ги пропуштат двата првенствени натпревари, во кои Реал Мадрид игра проитв Кадиз и Атлетик Билбао. Се очекува да бидат подготвени за […]

Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“


САД– Спортска личност на годината во избор на американското списание „Тајм“ е гимнастичарката Симон Бејлс, повеќекратна олимписка и светска шампионска, која на Летните олимписки игри во Токио поради психолошки проблеми го откажа настапот во четири финални дисциплини. – Со своите постапки до го стави здравјето на прво место, таа го отвори патот во спорот и […]

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги


Ватикан– „Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск. Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга […]

АМС ги номинираше најуспешните во спортот за 2021 година


Агенцијата за млади и спорт ги објави номинациите за најсупешни во спортот за 2021 година за кои ќе се гласа во девет категории. За признанието „Спортистка на годината“ оваа година номинирани се Мери Акиевска (фитнес и боди билдинг), Викторија Варадинова (кик бокс), Пуликсенија Јованоска (карате), Арбреша Реџепи (џудо) Дрита Ислами (атлетика). Наградата „Спортист на годината“ […]

Шпанската Ла Лига ги продаде ТВ-правата за близу пет милијарди евра


Шпанската фудбалска Ла Лига постигна договор за продажба на своите телевизиски права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра во следните пет години, објави раководството на натпреварувањето. Станува збор за рекорден договор за елитната лига во шпанскиот фудбал. Претходниот тригодишен договор потпишан во 2018 година со „Telefonica“ изнесуваше 2.9 милијарди евра. Правата […]

Злоставуваните американски гимнастичарки ќе добијат отштета од 380 милиони долари


Над 500 гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен лекар на американската репрезентација, би можеле да добијат отштета од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, објави Њујорк Тајмс. Со тоа би се затворило последното поглавје на еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот […]

УЕФА Конференциска лига: Извлечени двојките за пласман во плејофот


Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се одржа жрепката за пласман во плејофот во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции. Плејоф двојките се: Олимпик Марсеј – Карабах, ПСВ – Макаби Тел Авив, Фенербахче – Славија Прага, Митјиланд – ПАОК, Лестер – Рандерс, Селтик – Бодо/Глимт, Спарта Прага – Партизан и Рапид – Витесе. Првите натпревари ќе се одиграат на […]

УЕФА од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во ЛШ, Челзи повторно против Лил


Осминафиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) се познати попладнево, откако УЕФА прво ја поништи извлечената жрепка поради технички проблем со софтверот и ја повтори целата процедура. Како и при првата жрепка што беше извлечена точно напладне, бранителот на трофејот Челзи за противник го доби француски Лил, додека Манчестер јунајтед место со ПСЖ ќе игра против Атлетико Мадрид, Лига на шампиони, осминафинале: Салцбург – […]

УЕФА ќе ја повтори жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони


Франција– Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, која беше извлечена денеска точно напладне во Нион, ќе биде повторена поради софтверска грешка, соопшти попладнево УЕФА. – Поради технички проблем со софтверот се случи материјална грешка при жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, наведе УЕФА. Од Европската куќа на фудбалот прецизираа дека жрепкатa ќе се повтори попладнево со […]

Драматичен крај во Формула 1: Верстапен го престигна Хамилтон во последниот круг и ја освои титулата


Макс Верстапен е новиот светски шампион во Формула 1, откако победи на Големата награда на Абу Даби, последната трка во сезоната Нов светски шампион во Формула 1 е холнаѓанецот Макс Верстапен. Тој победи на последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби и со овој триумф ја освои титулата пред Луис Хамилтон кој заврши […]

ПМФЛ: Шкупи со победа ја завери есенската титула, одложен дуелот во Струга


Лидерот Шкупи со победа ја заокружи есенската полусезона во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ) триумфирајќи попладнево во Велес, во рамки на 18 коло, кое дополнително ќе биде комплетирано, откако поради лоши временски услови не се одигра натпреварот во Струга. ПМФЛ – 18 коло: Академија Пандев – Пелистер 1:0 Борец – Шкупи 0:3 Работнички – Македонија ЃП 1:2 […]

Ето застана на чело на камерунскиот фудбал


Поранешната фудбалска ѕвезда Самуел Ето е избран за претседател на Фудбалската федерација на Камерун (FECAFOOT), еден месец пред неговата земја да биде домаќин на Африканскиот куп на нации. Четириесетгодишниот Ето, кој во кариерата настапуваше за Барселона, Интер и Челзи, го презема раководењето со националниот сојуз, засенет со лошо менаџирање, корупција и внатрешни несогласувања. Ето во изборот за претседател на […]

Започнува зимската баскет 3×3 лига


Дванаесет екипи преку четири квалификациски турнири ќе се борат за трофејот во второто издание на зимската баскет лига кое започнува денеска во организација на Кошаркарската федерација и „3×3 Macedonia“. Првиот турнир ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје по почеток во 12 часот, а секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра […]

Како Зимските олимписки игри во Пекинг се претворија во голем политички хаос


Олимпијадата отсекогаш служела како сцена за патриотски прикази и политичко џокејство. Зимските игри во Пекинг 2022 година, кои започнуваат на 4 февруари, од ден на ден стануваат сè понапорни Во знак на протест против она што Белата куќа го гледа како „злосторства на човештвото“ спонзорирани од државата и други прекршувања на човековите права, САД водат […]

Ферстапен ја прекина доминацијата на Хамилтон и прв пат стана шампион на Формула 1


  Холандскиот возач Макс Ферстапен, денеска во болдот на Ред бул ја освои титулата првак во Фолмула 1. Ферстапен во одлучувачката трка во Абу Даби денеска славеше и на тој начин во последната трка стигна до својата прва титула во Формула 1. Ферстапен тргна од првата стартна позиција во војот Ред бул, но возачот на […]

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП


Шпанија – Со победата од 27:23 над Хрватска во второто коло од главната рунда, Ракометната репрезентација на Шпанија обезбеди пласман во четвртфиналето на женскиот ракометен Мундијал. Покрај домаќинот Шпанија, пласман во четвртфиналето од групите 3 и 4 обезбедија и Германија, Данска и Бразил. Германија извојува убедлива победа од 37:28 против Јужна Кореа, додека, селекцијата на Данска […]

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени


Австралија – Австралијката Ешли Барти и Јапонката Наоми Осака по подолга пауза ќе се вратат на тениските турнири кои во јануари ќе се играат во Австралија, објавија организаторите во Аделаида и Мелбурн. Најдобрата светска тенисерка Барти паузира од елиминацијата во третото коло на Ју Ес Опен во септември, но иако предвреме ја заврши годината, Австралијката освои пет турнири, меѓу кои […]

Италија – Македонија ќе се игра во Палермо


Италијанската фудбалска федерација објави дека градот Палермо е избран за домаќин на полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж против македонската фудбалска репрезентација во договор со селекторот Роберто Манчини. Македонските фудбалери на 24 март ќе му гостуваат на европскиот првак на стадионот „Барбера“ со капацитет од 36.000 гледачи. – Одлуката да се игра во Палермо ја донесовме […]

УЕФА го избра Елмас за играч на колото во ЛЕ


Двата гола кои во четвртокот вечер му помогнаа на Наполи да обезбеди пласман во нокаут фазата, на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас му го донесеа денеска признанието играч на колото во Лига Европа (ЛЕ). Елмас беше двоен стрелец во триумфот на Наполи на домашен терен над Лестер од 3:2 со кој италијанскиот тим заврши второпласиран […]

Канатларовски повика 25 фудбалери од 2002-2003 за два контролни меча против Косово


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16-ти и 18-ти декември во Скопје. – Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари […]