Раководството на Џенова одлучи да му даде уште една шанса на Шевченко


Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко ќе ја задржи функцијата во блиска иднина, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Италијанскиот спортски весник посочува дека управата на клубот одлучила засега да се воздржи од промени во стручниот штаб.

Украинскиот стручњак ќе работи најмалку до осминафиналето од Купот на Италија против Милан, кое ќе се одигра на 13 јануари. Ако резултатите не се подобрат, раководството може да се врати на ова прашање.

Во случај Шевченко да биде отпуштен, тимот може да го предводат Давиде Балардини или Роландо Маран. И двајцата претходно добија отказ, но се уште се на договор со Џенова до крајот на оваа сезона.

Вчера клубот за кој настапува Горан Пандев на домашен терен загуби од Специја (0:1). Шевченко го пропушти овој натпревар поради коронавирус. Тимот го предводеше неговиот помошник Мауро Тасоти. Џенова со само 12 бода од 21 натпревар се наоѓа на претпоследното 19. место во Серија А.