Поддржувачите на Ѓоковиќ се судрија со австралиската полиција (ВИДЕО)


Во  Мелбурн станува жешко додека се чека конечната одлука за Новак Ѓоковиќ . Стотици  љубители на тенисерот број еден се бунтуваа и ја кренаа полицијата на нозе. Српски граѓани и многу други Балканци кои живеат во градот се собраа пред судот, каде претходно денеска беше одлучено дека визата на Ноле е редовна, но  министерот за имиграција Алекс Хок се уште нема донесено конечна одлука.

Толпата приврзаници на Ѓоковиќ направи пустош пред зградата на судот, а кога тој излезе од него, каде што неколку часа беше со своите адвокати, настана страшна гужва. Дошло и до тепачка меѓу навивачите на Ноле и полицајците. при што има повредени меѓу нив. Ѓоковиќ се возел со црно „ауди“ до паркингот во хотелот „Парк“ за мигранти, каде што бил изминативе денови.

„Работите брзо ескалираа, а полицијата употреби врел спреј против демонстрантите кои го блокираа патот на автомобилот. Видов барем еден протестант како плука по полицаец и неколку мажи фрлаа шишиња со вода врз нив, удирајќи ги по  униформите“, јави новинарот на  „Вашингтон пост“. 

Меѓу толпата навивачи кои извикуваа Ѓоковиќ да биде пуштен на слобода се видоа  и знамињата на Грција и Полска.

Конечната одлука на австралиските власти се очекува да стане јасна за неколку часа. Едната верзија е дека на Ѓоковиќ ќе му нареди да се врати во Белград или ќе му биде укината визата и ќе биде уапсен и депортиран со забрана за влез во Австралиј во следните три години.