Васоски претставен како нов тренер на Сараево


Македонскиот фудбалски стручњак Александар Васоски денеска беше претставен како нов тренер на ФК Сараево.

Првиот човек на клубот Исмир Мирвиќ рече дека му е драго што зборуваат за иднината, додека досега ги решавале проблемите од минатото.

„Почнавме да ги приближуваме лушето кои се важни за клубот и тоа се чувствува“, рече Мирвиќ.

Според него Васоски бил прва опција од почетокoт нa потрагата по тренер.

„Полн е со енергија, ентузијазам да ни помогне. Играше на највисоко ниво во странство и специјалист е за развој на млади играчи, што нам ни треба“, вели Мирвиќ.

Васоски порача дека е свесен за притисокот на „Кошево“, но дека навикнал на тоа.

„Веќе работен во клуб кој позитивно „гори“ и тоа го доживеав и сакам да го пренесам на воој клуб. Прва цел ми е излегување во Европа и освојување на купот, а долгорочно да пробаме младите играчи да ги етаблираме во клубот, а потоа и во репрезентацијата на БиХ“, рече Васоски.

Македонскиот тренер вели дека знае и дека има план какво Сараево сака да води, но за тоа ќе треба време.

Откри дека денеска ќње направи прозивка, а потоа и тренинг. Сараево кон крајот на јануари во Анталија игра четири подготвителни натпревари.