Ѓоковиќ: Сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен


Новак Ѓоковиќ се огласи на својот Инстаграм профил и испрати порака до сите фанови.
Додека ја чека официјалната одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, српскиот тенисер се огласи на својот Инстаграм профил. Тој објави фотографија од централниот терен на Австралија Опен и испрати порака до своите фанови.
„Задоволен сум и благодарен што судијата ја поништи одлуката за укинување на визата. И покрај сето она што се случи во последната недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Фокусиран сум на тоа. Дојдов овде да играм во еден од најважните турнири пред прекрасни навивачи. Засега не можам да кажам повеќе од тоа, но ви благодарам што сте со мене“, напиша Ѓоковиќ.