Реакција на Надал: Одлуката на судот е праведна, случајот со Ѓоковиќ беше циркус


 

Еден од големите ривали на Ѓоковиќ на тенискиот терен, Рафаел Надал, ја даде својата реакција на шпанското радио, нарекувајќи ја тековната ситуација „циркус“.

„Без разлика дали се согласувам со Ѓоковиќ за некои работи или не, правдата зборуваше и рече дека тој има право да учествува на Австралија опен и мислам дека тоа е најправедната одлука да се направи. Му посакувам многу среќа“, изјави Надал за Onda Cero во понеделникот, во цитати пренесени од Ројтерс.

„На личен план, повеќе би сакал да не игра“, се пошегува Надал, додавајќи „сè е многу подобро кога можат да играат најдобрите“. Ждрепката за машки сингл ќе се одржи овој четврток, без разлика дали е вклучен Ѓоковиќ или не.

Надал, исто така, ја повтори својата поддршка за вакцинација против Ковид-19, откако беше критичен за ставот на Ѓоковиќ минатата недела. „Најважните институции во светот велат дека вакцината е начин да се запре оваа пандемија и катастрофата што ја живееме во последните 20 месеци“.