Буфон: Јувентус со доаѓањето на Роналдо ја загуби тимската ДНК


Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43), кој 21 сезона мина во торинскиот клуб, изјави оти „Старата дама“ ја загубила тимската ДНК со доаѓањето на Кристијано Роналдо во 2018 година. – Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампиони првата сезона од доаѓањето на Роналдо, но не ја освои, а јас не можев да си објаснам […]

Нов фитнес центар во „Ист Гејт Мол“- „Палестра“ го враќа духот на вистинскиот фитнес во градот!


Веројатно и не постои подобра мотивациона квота од онаа дека „Телото е единственото нешто што треба да го чуваме, бидејќи ќе живееме во него до крајот на животот“!… Вака некако сакаме да ја започнеме приказната за новиот фитнес клуб во градот „Палестра“, што сакаме да го доживеете како нешто многу повеќе од место каде ќе […]

Столе Димитриевски пред трансфер во Барселона во јануари?


Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е заинтересиран да го доведе во своите редови голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски, јавија денеска локалните медиуми. Според шпанската телевизиска програма „Ел Чирингито“, специјализирана за следење на Ла Лига со посебен акцент на случувањата во Барселона и Реал Мадрид, каталонскиот клуб сака да потпише договор со Димитриевски веќе во […]

Мареј доби покана за настап на Австралија Опен


Шкотскиот тенисер Енди Мареј доби покана за настап на првиот грен-слем турнир во новата сезона Австралија Опен, објавија денеска организаторите. Мареј последен пат настапи на турнирот во Мелбурн пред три години, а своето последно финале го одигра во 2016 година кога загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ. Мареј изминатите години се бори со повредата на колкот поради што падна на […]

Дончиќ позитивен на коронавирус


Словенечкиот кошаркар во редовите на Далас, Лука Дончиќ, е позитивен на коронавирус и се наоѓа во Ковид-19 протоколот на НБА лигата, јавија американските медиуми. Поради повредите со коленото и зглобот Дончиќ пропушти девет од последните 17 натпревари, а неговото очекувано враќање на теренот против шампионот Милвоки сега нема да се случи поради новите здравствени проблеми предизвикани од коронавирусот. Дополнително, Дончиќ ќе го […]

Пеле излезе од болница


Болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло. соопшти синоќа дека еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, е пуштен на домашно лекување, откако на почетокот на овој месец повторно беше хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево. – Пациентот е во стабилна состојба и ќе продолжиме со лекување на туморот. […]

Македонија на 67. место на листата на ФИФА


Годинава 2021-ва која полека изминува, за првпат во историјата се појавивме на Европското првенство, а потоа во текот на есенва осигуравме и прв историски бараж за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Никогаш претходно не сме биле втори во група на квалификации за Светско првенство. На последното ФИФА рангирање за календарскава година нема  никакви […]

Австралија опен 2022 ќе се одржи без линиски судии


Австралија – Нема да има линиски судии на Австралија опен во 2022 година поради пандемијата на коронавирус, објави Хералд Сан. Како што е наведено, ова ќе помогне да се намали бројот на луѓе на теренот. Судиите ќе бидат заменети со технологијата „Hawk-Eye Live“, која ќе ги следи линиите во реално време. Покрај тоа, сите „собирачи“ на […]

Клиперс го победиja Сакраменто и ја прекинаa серијата од три порази


Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс рано утрово забележаа победа на гостувањето кај Сакраменто кингс со 105:89 и ја прекинаа серијата од три загубени средби. Најефикасен играч на натпреварот беше Тајрис Халибартон од Сакрамнето со 22 поена. Клиперс со биланс 17 победи и 15 порази се на 5.место во Западната конференција, Сакраменто има ефект 13-20 и […]

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за јануарското Европско првенство


Под водство на селекторот и капитен Кирил Лазаров, македонската машка ракометна репрезентација денеска во Скопје стартуваше со завршните подготовки за настап на Европското првенство, чиј домаќин во јануари ќе биде Унгарија, а „црвено – жолтите“ своите натпревари во групната фаза против Словенија, Црна Гора и Данска ќе ги играат во Дебрецин. – Секогаш велиме немаме […]

Џинобили номиниран за член на Куќата на славни


САД– Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу номинираните играчи за влез во кошаркарската Куќа на славните во 2022 година. Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси“ освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014). Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато. […]

Тенисерката Ема Радукану е новото заштитно лице на Бритиш Ервејс


Англија– Ема Радукану имаше сензационална година на тениската патека, освојувајќи 2 милиони фунти награден фонд. Но, новата златна девојка на спортот е подготвена да заработи повеќе милиони надвор од теренот, бидејќи брендовите чекаат на ред за да ја потпишат како глобален амбасадор. Радукану во вторникот ја откри својата најнова поддршка, како заштитно лице на Бритиш […]

БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје


БК Вардар го победи Железничар од БиХ во 4-то коло од Регионалната лига во бокс, во групата А, во Скопје црвено-црните победија со 14-6 .   За нашиот тим ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.    Во младинска конкуренција […]

Конте: Одлуката на УЕФА за службен пораз е неправедна


Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, го сподели своето мислење за доделувањето службен пораз на тимот во натпреварот против Рен (0:3) во 6. коло од групната фаза на Конференциската лига. – Оваа одлука е неправедна. Целиот свет знае дека се соочуваме со толку голем проблем како што е Ковид. Не игравме не по наша вина, туку […]

Ако Ѓоковиќ се појави на турнирот, тогаш или се вакцинирал или добил посебна медицинска дозвола, вели директорот на Австралија опен


Австралија – Директорот на Австралија опен Крег Тили соопшти дека тенисерите кои имаат посебни медицински дозволи дека не смеат да се вакцинираат ќе можат да учествуваат на Грен слемот. Тој коментираше евентуалното учеството на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ на еден од четирите најголеми турнири во светот. – Сите што доаѓаат кај нас се вакцинирани. […]

Ливерпул може да го добие Холанд во летниот трансфер период


Премиерлигашот Ливерпул покажува интерес за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, објави „Sky Sport Deutschland“. Според германскиот медиум, „Црвените од Енфилд“ се обидуваат да го добијат центарфорот во текот на летниот преоден рок. Дваесет и едногодишниот Норвежанец е еден од водечките кандидати за офанзивниот ред во тимот на Јирген Клоп. Се истакнува дека евентуалниот трансфер […]

Почина Бранко Кацарски, поранешен кошаркар на Работнички


Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје, објави КФСМ на својата веб-страница. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња […]

Верстапен проговори за најнепријатниот момент во сезоната 2021 во Формула 1


Возачот на тимот на Ред Бул, Макс Верстапен го издвои најнепријатниот момент од сезоната 2021 во Формула 1. – Најлошото нешто се разбира, беше моментот кога ја поминав цела вечер во болница по несреќата во Силверстоун. Никој не сака да биде во болница. Не беше многу пријатно ниту по инцидентот во Баку, иако ми се […]

Барди стрелец за Леванте во поразот од Валенсија


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди се запиша во листата на стрелците на синоќешниот дуел на неговиот тим Леванте со градскиот ривал Валенсија. Натпреварот заврши со победа на Валенсија 4:3, а Македонецот погоди во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме. По 18 одиграни натпревари Леванте се наоѓа на последното место во Ла Лига со […]

Фудбалерите на ПСЖ за роденденот му подарија на Мбапе дрес со бројот 2050


Франција) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе вчера го прослави својот 23. роденден. Францускиот играч од соиграчите во парискиот клуб, на гала вечерта доби подарок дрес со бројот 2050. На тој начин тие го навестија продолжувањето на договорот на Мбапе. Претходно спортскиот директор на ПСЖ Леонардо изјави дека би сакал Мбапе целиот свој живот да […]