„Вардар 1961“ и „Еурофарм Пелистер“ ги дознаа групите во СЕХА лигата
Актуелниот македонски ракометен првак „Вардар 1961“ и вицешампионот „Еурофарм Пелистер“ денеска го дознаа составот на групите за новата, 11. по ред, сезона во регионалната СЕХА лига. Во сезоната 2021/22 во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум држави поделени во две групи. Скопски „Вардар 1961“ е во групата Б заедно со украински „Мотор Запорожје“, „Војводина“ од […]