Димевски и Галовеј договорија соработка во спортскиот сектор


Воспоставување соработка и поддршка во областа на родова еднаквост на девојки и жени во спортот, како и за креирање партнерство за позитивни климатски промени, иницираа на денешната средба претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и британската амбасадорка во Скопје Рејчел Галовеј.

На средбата, на која присуствуваше и советничката за спорт Силвија Митевска, беше констатирано дека спортот треба да се користи како обединувачка алатка за солидарност меѓу глобалните граѓани за климатска акција.

– Во наредниот период ќе иницираме повеќе настани на горенаведените теми со цел подигнување на свеста и едукација на сите чинители во спортскиот сектор, се наведува во соопштението од Олимпискиот комитет.