Неверојатен сервис на Ник Кирјос на Австралија опен (видео)


Ексцентричниот австралиски тенисер Ник Кирјос во првото коло на Австралија опен сервираше за поен на неверојатен начин.

На мечот против Британецот Лиам Броди, Кирјос во еден момент од првиот сет испрати сервис низ нозе.

Броуди сфати што се случи и се обиде да го врати топчето, но го испрати во аут.
Британецот беше видно шокиран, а Кирјос дури му се извини.

Патем, ова сервирање се случи веднаш по поен во која Кирјос сервираше со 220 км/ч, па толку повеќе Броуди беше изненаден.

Австралиската публика, чиј миленик е Кирјос, стана од своите места и му аплаудираше на контроверзниот 26-годишик.