Медведев го смета Надал за фаворит на Австралија опен


Австралија– Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн.

– Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули, изјави за „Eurosport.co.uk“.

Надал и Медведев победија во првото коло на Австралија опен.

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит на турнирот, но беше депортиран од Австралија, па сега со поголеми шанси за трофејот се неговите конкуренти.