Форбс: Наоми Осака е спортистка со најголема заработка


САД- Листата на најплатени спортистки доста се разниша. Има некои редовни, но се појавија и некои нови лица, кои покажуваат дека жените заработуваат големи пари на и надвор од теренот  благодарение на партнерствата и поддршката од големите брендови.

Според Форбс, тенисерката Наоми Осака се најде на првото место со заработка од 57,3 милиони долари за една година. Додека заработуваше 2 милиони долари на теренот, благодарение на спонзорствата, поддршката, нејзината линија за нега на кожа Kinlò и издавањето NFT, четирикратната победничка на Грен слем има рекордна година на заработка. Таа има поддршка од компании како Panasonic, Louis Vuitton, Nike, Workday, Beats, Mastercard, Heur, Sweetgreen, Nike и Levi’s.

Серена Вилијамс се најде на второто место со годишна плата од 45,9 милиони долари пред даноци. Голем дел од заработката на Вилијамс, поточно 45 милиони долари, се должи на нејзините партнерства со Nike, DirecTV и Gatorade. Таа има инвестиции и во над 60 стартапи преку нејзината компанија Серена Венчрс.

Нејзината сестра Венус Вилијамс се најде на третото место со 11 милиони долари заработка пред оданочување. Во 2021 година, Вилијамс играше само на девет турнири и освои три, што резултираше со значително опаѓање на нејзиниот пласман. И вете беа извршни продуценти на нивниот семеен биографски филм „Кралот Ричард“, што исто така ги направи нивните џебови малку потешки. За жал, и двете нема да се натпреваруваат на годинешниот Австралија Опен.

На листата се најдоа и Симон Билс и Кендис Паркер, што го прави ова за прв пат гимнастичарка и кошаркарка да се рангира меѓу најплатените спортистки. Билс се најде на четвртиот слот со 10,1 милиони долари, додека Кендис Паркер се најде на 10-то место со 5,7 милиони долари.

Форбс забележа дека десет спортистки со најголема заработка заработиле 167 милиони долари пред оданочување во 2021 година, што покажува „23% зголемување во однос на 2020 година и скок од 16% од претходниот рекорд од 143,3 милиони долари поставен во 2013 година“.