Анкета: Големо мнозинство од 71 отсто Австралијци бараат Ѓоковиќ да се депортира


 

Огромно мнозинство на Австралијанците од дури 71 отсто го поддржуваат депортирањето на српскиот тенисер од нивната земја во анкетата објавена само неколку часа пред конечното сослушување на Новак Ѓоковиќ.

Ставот дека Ѓоковиќ треба да биде депортиран го поддржаа 71 отсто од жителите на државата Викторија, каде се одржува Австралија опен во Мелбурн. Во другата најголема држава, Нов Јужен велс, за депортирање се 69 отсто од испитаниците. Во Квинсленд таа бројка е 70 отсто.

Новак Ѓоковиќ замина на судењето во Федералниот суд во Мелбурн.