ЛЕ: Елмас стрелец во поразот на Наполи во Москва


Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот гол за Наполи во поразот на италијанската екипа вечерва во Москва од Спартак со 2:1 (2:0) во рамки на петтото коло од групата Ц во Лига Европа. За актуелниот лидер во Серија А ова е само трет пораз во сите натпреварувања оваа сезона., еден минатата недела во …

ЛЕ: Елмас стрелец во поразот на Наполи во Москва Read More »

Легендарен сноубордер загина во Австрија снимајќи промотивна реклама


Австрија– Во Австрија загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак, снимајќи една реклама во ски-центарот Селден. Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ снимал еден тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег во еден момент и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна …

Легендарен сноубордер загина во Австрија снимајќи промотивна реклама Read More »

Бајиќ со подмладен состав на дуелот со Шпанија


Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, се соочува со проблеми во составот во пресрет на квалификациите за Светскиот куп 2023. Сепак, Бајиќ, не се откажува од намерата во следниот период повеќе шанса да добијат помладите играчи кои досега или добиваа мала или не добиваа минутажа. Иако на располагање ќе ги нема Ѓуроски, Зекири, Младеновски, …

Бајиќ со подмладен состав на дуелот со Шпанија Read More »

Емерсон: Тешко е без кечап и путер, но ќе се навикнеме


Англија – Фудбалерот на Тотенхем, Емерсон Ројал ги коментираше промените во тимот по доаѓањето на тренерот Антонио Конте. Најпрво Италијанецот забрани кечап, мајонез и друга тешка храна во Тотенхем, а потоа и консумирање путер. – Сакам кечап! Но, јас сум навикнат да не јадам таква храна, па тоа не е проблем. Путер! Нема повеќе путер. Вистина …

Емерсон: Тешко е без кечап и путер, но ќе се навикнеме Read More »

Јувентус го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години


Англија– Јувентус синоќа загуби на гостувањето кај Челзи со 4:0 во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите. Торинскиот клуб го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години. Во октомври 1958 година, Јувентус загуби од австриски Винер со 7:0 во прелиминарното коло од тогашниот Куп на шампионите. Последен пат Јувентус загуби …

Јувентус го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години Read More »

(Видео) Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија Татабања


Ракометарите на Еурофарм Пелистер и унгарска Татабања вечерашниот натпревар го почнаа со минута молк и почит за трагично загинатите македонски граѓани во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија. Спортската јавност во Битола потоа ја поздрави втората убедлива победа на РК Еурофарм Пелистер над Татабања со резултат 33:20. Домашниот тим доминираше во текот на целиот …

(Видео) Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија Татабања Read More »

ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината


Швајцарија – Познати се имињата на играчите кои се номинирани од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за наградата фудбалер на 2021 година. Номинирани се: Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид) Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити) Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус/Манчестер јунајтед) Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд) Жоргињо (Италија, Челзи) Нголо Канте (Франција, Челзи) Килијан Мбапе (Франција, …

ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината Read More »

Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал


Италија- Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната фудбалска награда „Златно момче“, откако беше соопштено денес. Станува збор за признание кое го доделува италијанскиот весник „Tutto sport“ кое е наменето за најдобриот играч во Европа до 21 година. Благодарам за овој трофеј, што ме прави горд. Им благодарам на сите членови на жирито и …

Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал Read More »

Шевченко: Ако Џенова остане во Серија А, тоа ќе биде како освојување на Лигата на шампионите


Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко, по поразот од Рома (0:2) во 13. коло, рече дека опстанок во Серија А за неговиот тим би бил голем успех рамен на освојување на Лигата на шампионите. – Имаме многу повредени фудбалери. Против Рома покажавме карактер, добро се движевме, но немавме доволно сили за нешто повеќе. Бев пријатно изненаден …

Шевченко: Ако Џенова остане во Серија А, тоа ќе биде како освојување на Лигата на шампионите Read More »

Баерн ги крати платите за невакцинираните фудбалери


Германија– Бундеслигашот Баерн Минхен одлучи да им ги намали месечните примања на своите фудбалери, кои одбија да се вакцинираат против коронавирусот и поради тоа се наоѓаат во карантин, јави агенцијата ДПА. Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со Ковид-19. Кимих, кој …

Баерн ги крати платите за невакцинираните фудбалери Read More »

Коронавирусот повторно ги затвора стадионите, Лајпциг без публика во Лигата на шампиони


Германија – Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки. Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус …

Коронавирусот повторно ги затвора стадионите, Лајпциг без публика во Лигата на шампиони Read More »

Ѓоковиќ: Допрва ќе видиме дали ќе играм на Австралија Опен


Италија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со пораз во полуфиналето на АТП турнирот во Торино ја заврши календарската година, а на синоќешната прес-конференција по дуелот со Александер Зверев остана таинствен дали во февруари ќе настапи на Австралија Опен. Неизвесноста околу настапот на српскиот тенисер на првиот грен-слем турнир во 2022 година порасна, откако организаторите во Мелбурн објавија вчера …

Ѓоковиќ: Допрва ќе видиме дали ќе играм на Австралија Опен Read More »

Роботи ќе се справуваат со коронавирусот на ЗОИ


Роботи ќе се користат во спречување и справување со можни корона-зарази во спортскиот центар „Вукесунг“ во Пекинг, Кина, каде што ќе се одржат натпреварите во хокеј на мраз за претстојните Зимски олимписки игри, јавува Кинеската медиумска групација (КМГ). Со прскање атомизирана магла на земјата, роботот за дезинфекција може да дезинфицира дури 36 квадратни метри за …

Роботи ќе се справуваат со коронавирусот на ЗОИ Read More »

Шок за Барселона – Агуеро мора да ја заврши кареиерата


Лоши вести за Барселона стигнаа денеска. Имено, аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро мора да ја заврши кариерата поради срцеви проблеми. Следната недела ќе биде закажана конференција за медиумите на која Агуеро ќе ја соопшти одлуката за повлекување. Поранешниот напаѓач на Индепендијанте, мадридски Атлетико и Манчестер сити, на мечот против Алавес, одигран на 30 октомври, падна на …

Шок за Барселона – Агуеро мора да ја заврши кареиерата Read More »

ГН на Катар: Пол-позицијата за Хамилтон


Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) оствари најбрзо време на денешните квалификации пред неделната трка за Големата награда (ГН) на Катар. Ова е 102. пол-позиција во кариерата за 37-годишниот Хамилтон, кој сезонава има шанси да ја освои рекордната осма титула светски првак. Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, кој води …

ГН на Катар: Пол-позицијата за Хамилтон Read More »

Пандев на крајот на оваа сезонава заминува во фудбалска пензија


Рекордерот според настапи и постигнати голови во дресот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев потврди дека ова е последната сезона во која го носи дресот на прволигашот Џенова и во јули ќе стави крај на својата клупска кариера. Пандев во интервју за весникот „Кориере дело Спорт“ најави дека по заминувањето во фудбалска пензија ќе остане …

Пандев на крајот на оваа сезонава заминува во фудбалска пензија Read More »

Расте притисокот врз Ѓоковиќ, вакцината против коронавирус задолжителна за Австралија опен


Сите тенисери, кои сакаат да настапат на Австралија опен во февруари идната година мораат да се вакцинираат против Ковид – 19, објави директорот на грен-слем турнирот во Мелбурн, Крег Тилеј. – Сакаме да бидеме целосно јасни. Кога премиерот (на сојузната држава Викторија) најави дека сите би требало да бидат вакцинирани, тоа им го пренесовме на тенисерите. Сите …

Расте притисокот врз Ѓоковиќ, вакцината против коронавирус задолжителна за Австралија опен Read More »

Ѓоковиќ мора да биде вакциниран ако сака да игра на Австралија опен


Според шефот на турнирот 80 проценти од тенисерите и тенисерките веќе биле вакцинирани   Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и сите други играчи ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19 за да се натпреваруваат на Австралија Опен следниот јануари, изјави во саботата шефот на турнирот Крег Тајли. Ѓоковиќ одбива да открие дали е вакциниран …

Ѓоковиќ мора да биде вакциниран ако сака да игра на Австралија опен Read More »

Де Брујне позитивен на коронавирус


Тренерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, објави денеска дека во следниот период нема да може да смета на услугите на играчот за врска Кевин де Брујне поради позитивен тест на коронавирус. Де Брујне изминатите две недели беше во составот на белгиската репрезентација за мундијалските квалификации, а по враќањето во Манчестер резултатот од задолжителното ковид …

Де Брујне позитивен на коронавирус Read More »

Легендарниот Андон Дончевски денеска го слави 86. роденден


Едно од најголемите фудбалски имиња во историјата на македонскиот фудбал Андон Дончевски денеска го прославува својот 86. роденден. Дончевски е првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, под чие водство „црвено – жолтите“ дебитираа на меѓународната сцена со триумфот од 4:1 против Словенија, на 13 октомври 1991 година во Крањ. Роден на 19 октомври 1935 година во Кавадарци, својата фудбалска …

Легендарниот Андон Дончевски денеска го слави 86. роденден Read More »