Шок за Барселона – Агуеро мора да ја заврши кареиерата


Лоши вести за Барселона стигнаа денеска.

Имено, аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро мора да ја заврши кариерата поради срцеви проблеми.

Следната недела ќе биде закажана конференција за медиумите на која Агуеро ќе ја соопшти одлуката за повлекување.

Поранешниот напаѓач на Индепендијанте, мадридски Атлетико и Манчестер сити, на мечот против Алавес, одигран на 30 октомври, падна на тревата и се пожали на болки во градите.

Не можеше да дише и истиот момент беше примен во болница на понатамошни испитувања.

Подоцна се покажа дека има проблеми со срцето и ќе мора да престане со активно играње фудбал во 33 година од животот.