ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината


Швајцарија – Познати се имињата на играчите кои се номинирани од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за наградата фудбалер на 2021 година.

Номинирани се:
Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид)
Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити)
Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус/Манчестер јунајтед)
Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд)
Жоргињо (Италија, Челзи)
Нголо Канте (Франција, Челзи)
Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ)
Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен)
Лионел Меси (Аргентина, Барселона/ПСЖ)
Нејмар (Бразил, ПСЖ)
Мохамед Салах (Египет, Ливерпул).

Кај голманите кандидати за најдобар се:
Алисон (Бразил, Ливерпул)
Џанлуиџи Донарума (Италија, Милан/ПСЖ)
Едуард Менди (Сенегал, Челзи)
Мануел Нојер (Германија, Баерн Минхен)
Каспер Шмајхел (Данска, Лестер).

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги именуваше кандидатите за најдобар тренер во 2021 година. На листата се: Антонио Конте (Интер/Тотенхем), Ханс Дитер Флик (Баерн/Германија), Хосеп Гвардиола (Манчестер сити), Роберто Манчини (Италија), Лионел Скалони (Аргентина), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) и Томас Тухел (Челзи).

За кој било од кандидатите можете да се гласа на веб-страницата на ФИФА до 10 декември.

Победникот ќе биде објавен на 17 декември на „The Best FIFA Football Awards“.